Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најголемото Велигденско дрво украсено е со 10.000 шарени јајца (фото)

Ако досега не сте слушнале за Велигденското дрво, време е да го видите најубавото и најшареното дрво во Германија. Семејството Крафт, веќе долги години ја негува традицијата за украсување на Велигденското дрво со што поголем број шарени јајца.

za-2-nedeli-ukraseno-e-najgolemoto-veligdensko-drvo-so-10000-sareni-jajca-foto-01

Целата магија започнала уште во 1965 година кога на едно дрво закачиле 18 јајца. Секоја следна година ставале сè повеќе јајца. Во 1994 година на дрвото имало 350 јајца, а денес е украсено со 10.000 шарени јајца, кои прават оваа крошна да изгледа волшебно.

Она што е интересно е дека тие не ги редат само тукутака бојадисани јајца, туку на повеќето од нив ќерката на Криста и Вокер, Габриела Румрих слика фантастични минијатурни уметнички дела.

Имаат посебна просторија и работилница каде грижливо се трудат да им посветат многу внимание на јајцата.

Ова дрво одамна е претворено во туристичка атракција поради која доаѓаат илјадници посетители за време на велигденските празници, да ја видат магичната глетка.

Речиси секое јајце е различно дизајнирано и за тоа треба многу труд, време и љубов. Кога завршува празникот дел од јајцата ги јадат децата, дел ги даваат во хуманитарните заедници за сиромашни, а еден дел кои се пластични ги чуваат за следната година.

Кога ќе се извадат јајцата и ќе расцвета дрвото се претвора во прекрасна раскошна јаболкница.

Би можело да ве интересира:

Дворче во Стојаково со многу природно зеленило и поглед кон зајдисонце - вистински рај за очи Сардели, љубичици, петунии, дрвца и многу природно зеленило ...
Совети за одгледување бугенвилија – бајковитото цвеќе што го гледаме низ Грција Бугенвилијата може да ја одгледувате и како растение кое ползи, но и како грмушк...
Совети за одгледување кампанула - едноставно цвеќе кое не бара голема нега За добро да ви успее кампанулата, треба да ја посадите на сончево место. Доколку...
Совети за одгледување фотинија – растение кое расте како жива ограда, но и во саксија Фотинијата не бара преголемо внимание, туку нејзината основна нега се заснова на...
Совети за одгледување кротон – растение со уникатни листови кое бара посебна нега Клучот за успешно одгледување на кротон е одржувањето на иста температура во сек...
Совети за одгледување адам – тропско растение со големи листови, совршено за во двор Она на што треба да внимавате е тоа што ова растение е отровно, односно, неговио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg