Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни?

Висечките растенија најчесто потекнуваат од потопли поднебја, и затоа на повеќето ќе им треба топла и најчесто влажна атмосфера, со силна, но индиректна светлина.

visechki-rastenija-vo-domot-kade-da-gi-postavite-i-koi-vidovi-se-pogodni-za-takvi-pozicii-01.jpg

Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и да ја внесете природата внатре, но, понекогаш може да биде тешко да најдете простор за саксии. Решение? Па, одлучете се за висечки растенија.

Каде да ги поставите висечките растенија?

Висечките растенија најчесто потекнуваат од потопли поднебја и затоа на повеќето ќе им треба топла и најчесто влажна атмосфера, со силна, но индиректна светлина.

Во зима им треба топло, најмалку 10-15°C, но внимавајте да не ги ставите директно над топол радијатор.

Исто така не треба да ги ставите премногу блиску до прозорец со провев. За да им ја зголемите влагата, наполнете шише со распрскувач и повремено прскајте ги со вода.

Најдобрите висечки растенија за во затворен простор

Хлорофитиум (Chlorophytum comosum)

Хлорофитиумот има долги и тесни листови и е отпорно растение кое одлично ќе се вклопи во вашиот дом.

За него се верува дека го прочистува воздухот во домот, а бидејќи не бара премногу голема нега, одличен е и за почетници.

visechki-rastenija-vo-domot-kade-da-gi-postavite-i-koi-vidovi-se-pogodni-za-takvi-pozicii-02.jpg

Тиландсија

Ова е таканаречено воздушно растение и затоа лесно може да се грижите за него. Расте без земја, но повремено ќе му треба прскање, а потребно му е и повеќе сончева светлина.

Уникатно е и ќе биде одлична декорација за вашиот дом.

visechki-rastenija-vo-domot-kade-da-gi-postavite-i-koi-vidovi-se-pogodni-za-takvi-pozicii-02_2.jpg

Божиќен кактус

Зеленилото на божиќниот кактус, на крајот декорирано со цветови кои ги среќаваме во различни бои, нема да ве остави рамнодушни.

Не го наводнувајте често, туку почекајте почвата целосно да се исуши. Исто така, обезбедете му доволно светлина за да имате здраво и убаво растение.

visechki-rastenija-vo-domot-kade-da-gi-postavite-i-koi-vidovi-se-pogodni-za-takvi-pozicii-04.jpg

Филодендрон

Филодендронот има темнозелени листови „прскани“ со жолта боја. Може да порасне во должина и до неколку метри, да виси како завеса, но може и да го кратите и да го одржувате пократко.

Одвреме-навреме бришете му ги листовите со влажна крпа со цел да ја отстраните прашината.

visechki-rastenija-vo-domot-kade-da-gi-postavite-i-koi-vidovi-se-pogodni-za-takvi-pozicii-07_2.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Совети за одгледување абутилон – интересно собно растение со уникатни цветови Иако абутилоните ќе бидат добри и со делумна сончева светлина, целосната сончева...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Цвеќе со опоен мирис – Совети за нега на алисум, народно познат како меден цвет Алисиумот има слатка арома, слично како медот. Неговите цветови растат заедно во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg