Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни?

Магарешка опашка (Sedum morganianum)

Овој висечки сукулент додава интересна текстура во секоја соба. Има бледозелена боја и е во тренд.

Обезбедете му доволно светлина, а не го наводнувајте често, туку почекајте почвата целосно да се исуши.

visechki-rastenija-vo-domot-kade-da-gi-postavite-i-koi-vidovi-se-pogodni-za-takvi-pozicii-05.jpg

Низа од срца (Ceropegia woodii)

Ова растение е толерантно на суша и има листови во форма на срце. Расте до 4 метри во должина, при што ќе треба да го поставите на повисоко место.

visechki-rastenija-vo-domot-kade-da-gi-postavite-i-koi-vidovi-se-pogodni-za-takvi-pozicii-07.jpg

Собен папрат

Собниот папрат е погоден за внатрешните простории во домот, а е и одличен прочистувач на воздухот.

Ако се одлучите за ова растение, имајте предвид дека треба да му обезбедите доволно влажност, а и редовно да му ги отстранувате сувите ливчиња.

visechki-rastenija-vo-domot-kade-da-gi-postavite-i-koi-vidovi-se-pogodni-za-takvi-pozicii-06.jpg

Begonia maculata

Ова растение го среќаваме со розови, бели или црвени точки на листовите. Не го ставајте директно на сончева светлина, бидејќи може да му избледи бојата на листовите, или уште полошо, да ги изгори целосно.

Ако е можно, сместете го во близина на прозорците свртени кон исток и запад, а јужната страна чувајте ја за зима.

visechki-rastenija-vo-domot-kade-da-gi-postavite-i-koi-vidovi-se-pogodni-za-takvi-pozicii-03.jpg

Грижа за собните висечки растенија

Повеќето собни растенија не успеваат поради прекумерно или недоволно наводнување. Затоа, пред да се одлучите за кое било висечко растение, едуцирајте се добро за тоа што му е потребно на секој вид.

Генералниот совет е следниов: Оставете ја почвата да се исуши добро пред да го наводните повторно растението, во зима кога е во мирување полевајте помалку, а во сезоната на раст редовно прихранувајте го.

М. Ѓ | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Совети за одгледување абутилон – интересно собно растение со уникатни цветови Иако абутилоните ќе бидат добри и со делумна сончева светлина, целосната сончева...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Цвеќе со опоен мирис – Совети за нега на алисум, народно познат како меден цвет Алисиумот има слатка арома, слично како медот. Неговите цветови растат заедно во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg