Направете сами ѓубриво за вашите билки од остатоци од храна и пијалаци - цвеќињата ќе ви благодарат

Од овие остатоци од храна и пијалаци, вашите цвеќиња ќе цветаат без престан. Со правењето природно ѓубриво за вашите растенија ќе ги искористите работите кои инаку би ги фрлиле. Кора од банани, лушпи од јајца и што уште не.

napravete-sami-gjubrivo-za-vasite-bilki-ostatoci-od-hrana-i-pijaloci-od-koi-vasite-cvekinja-kje-cvetaat-bez-prestan-01.jpg

Почвата во која е засадено цвеќето, без разлика дали е во саксија или во градината, со текот на времето се исцрпува и потребно е да ѝ се додадат елементи неопходни за раст и развој на растението, кое без храна само ќе преживува и постепено ќе се распаѓа. Многу е важно да се ѓубри почвата, а доколку не сакате да купувате вештачки ѓубрива, можете да користите и домашно ѓубриво.

Домашното ѓубриво вклучува остатоци од храна, дури и некои пијалаци, кои толку лесно ги фрламе, а може да се искористат за подобар раст на вашето растение. Ставете ги во почвата и растенијата ќе добијат сè што им е потребно, а вие нема да потрошите ни денар.

Лушпи од јајца 

Лушпите од јајцата се одличен извор на калциум. Меѓутоа, поради нивното бавно распаѓање, потребни се неколку месеци да станат хранливи за растенијата.

За да го забрзате нивното распаѓање, мора да ги иситните лушпите што е можно подобро пред нанесувањето. Најдобро би било да ги сомелете во ситен прав.

Мелените лушпи од јајца додадете ги на дното на дупката во која ќе го садите растението, а може и да ги расфрлате по површината на почвата.

Може да ги изорате и лушпите откако ќе ги распрскате на површината на почвата за да го забрзате распаѓањето. На овој начин ќе обезбедите ослободување на калциум во коренската зона на растенијата. 

napravete-sami-gjubrivo-za-vasite-bilki-ostatoci-od-hrana-i-pijaloci-od-koi-vasite-cvekinja-kje-cvetaat-bez-prestan-02.jpg

Водата во која сте вареле зеленчук

Никогаш не ја фрлајте водата во која сте готвеле зеленчук, бидејќи таа е вистински рудник на корисни материи.

Оставете ја да се излади и искористете ја за наводнување на растенијата во куќата, градината или на балконот - почвата ќе се збогати со минерали кои поттикнуваат раст и развој на растението.

Пиво

Поради изобилството на шеќер, витамини од групата Б и ферментирани материи (квасец), пивото е одличен додаток за растенијата.

Остатоците од овој пијалак (она што останува на дното од чашите, шишињата или конзервите) истурете ги во водата за наводнување.

Наводнувајте ги растенијата со овој раствор еднаш неделно.

napravete-sami-gjubrivo-za-vasite-bilki-ostatoci-od-hrana-i-pijaloci-od-koi-vasite-cvekinja-kje-cvetaat-bez-prestan-03.jpg

Кора од морков

Ако излупите морков, знајте дека го отфрлате неговиот најдобар и најздрав дел, бидејќи тука се концентрира најголема количина на хранливи материи. Доколку морковите ги јадете излупени, лушпите ставете ги вашите саксии или во градината. 

Кората на овој здрав корен е богата со влакна кои ја омекнуваат почвата, како и со скапоцени минерали како калиум, бакар, манган, кои се многу корисни за здравјето на растенијата.

Лушпи од кромид

Лушпите од кормидот содржат многу калиум, натриум, фосфор, калциум, магнезиум и цинк.

За да го извлечете максимумот од нив, оставете ги лушпите потопени во вода 24 часа за да се ослободат од киселината и искористете ги за ѓубрење на зелени и цветни, градинарски и саксиски растенија.

napravete-sami-gjubrivo-za-vasite-bilki-ostatoci-od-hrana-i-pijaloci-od-koi-vasite-cvekinja-kje-cvetaat-bez-prestan-04.jpg

Водата од аквариумот

Ако чувате риби, знаете дека треба одвреме навреме да ја менувате водата, за да им обезбедите дополнителна доза кислород.

Сепак, отпадот од аквариумот содржи многу корисни материи - првенствено алги и микроорганизми, кои и тоа како им одговараат на растенијата.

Водата што ја исфрлате може да се користи за директно наводнување на домашните растенија. 

Кора од банана

Калиумот, еден од трите основни елементи, кои се составен дел на секое ѓубриво, го поттикнува и забрзува цветањето на билките.

Кората од банана содржи големо количество на калиум, па затоа исечете ја на ситни делови и измешајте ја со почвата.

Како што се распаѓа, постепено ќе ослободува хранливи материи во земјата.

napravete-sami-gjubrivo-za-vasite-bilki-ostatoci-od-hrana-i-pijaloci-od-koi-vasite-cvekinja-kje-cvetaat-bez-prestan-05.jpg

Талог од кафе

Талогот од кафе е богат со калиум, фосфор, бакар и магнезиум, ослободува азот и го поттикнува растот на листовите.

Ако се истури во дното на дупката во која ќе засадите цвеќе тоа ќе биде одлична одбрана од полжави и мравки.  

С. Ш. | Црнобело / фото: pixabay.com; pexels.com

Би можело да ве интересира:

Во градината на Викторија: „Син ми обожава да ми помага, си готвиме манџи од свежо набрани продукти“ „Мојата прабаба сè додека беше силна физички, работеше во својата градина која б...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор? На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg