9 трикови за чистење што ќе ви бидат од корист ако страдате од алергии

Избегнувајте да ја сушите постелнината надвор, ставете камчиња на растенијата, извадете ги сите теписи. Кои совети за чистење ќе ви бидат добредојдени ако имате проблем со алергиите?

9-trikovi-za-chistenje-shto-kje-vi-bidat-od-korist-ako-se-borite-so-alergii-01.jpg

Зимата полека си заминува, настапува пролетта – годишното време што е вистински кошмар за сите оние што се борат со алергии.

Ако вие или некој од вашиот дом страда од алергии тогаш овие 9 совети секако ќе ви бидат добредојдени. Куќна прашина, полен, влакна од миленичиња... Ова се само некои од најчестите алергени што може да предизвикаат здравствени проблеми и што мора да ги отстраните со темелно чистење.

На што треба да внимавате додека ги отстранувате алергените од вашиот дом?

Изберете добра правосмукалка

Изберете правосмукалка со HEPA филтер и двојна филтрација што ги фаќа и најситните честички. Исто така добар избор се и правосмукалките без вреќички чијшто сад за прав лесно може да се отстрани и да се испере.

Можете да вложите и во поскапи верзии на роботски правосмукалки, но тоа секако зависи од вашите финансиски можности.

9-trikovi-za-chistenje-shto-kje-vi-bidat-od-korist-ako-se-borite-so-alergii-02.jpg

Изберете соодветни ракавици

Избегнувајте да користите гумени ракавици, туку набавете ракавици од латекс за една употреба или гумени ракавици со памучна постава за да спречите иритација на кожата додека чистите.

9-trikovi-za-chistenje-shto-kje-vi-bidat-od-korist-ako-se-borite-so-alergii-03.jpg

Крпите од микрофибер веднаш треба да се исперат

Крпите од микрофибер кога се влажни подобро ја привлекуваат прашината од памучните крпи и харитените брисачи.

Но, мора да запомните дека по секое чистење веднаш треба да ги исперете во топла вода за да спречите повторно ширење на алергените во домот.

9-trikovi-za-chistenje-shto-kje-vi-bidat-od-korist-ako-se-borite-so-alergii-07.jpg

Користете влажни марамчиња за една употреба

Влажните марамчиња за една употреба се одлична замена за крпите. Тие ја собираат прашината, а веднаш потоа ги фрлате во ѓубре.

9-trikovi-za-chistenje-shto-kje-vi-bidat-od-korist-ako-se-borite-so-alergii-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...
Како да ги изберете највкусните (и најквалитетните) производи во маркет? Пред да го купите кашкавалот убаво проверете дали му е бојата иста насекаде - ак...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg