11 работи во домот што треба да ги средите пред да ви дојдат гости и 6 работи што тие нема ни да ги забележат
Препорачливо е да ја избришете прашината во дневната соба, но нема потреба да трошите време на средување на спалната (освен ако не планирате да им ја покажете на гостите).
Сите сакаме да го средиме домот пред да ни дојдат гости, но некогаш го преценуваме времето што го имаме за чистење.
Ако одамна не сте направиле генералка, можеби мислите дека треба темелно да го исчистите домот ако очекувате гости.
Но, гостите ќе ги забележат само најочигледните работи во домот, што значи нема потреба да трошите време за да го направите домот беспрекорно чист.
11 работи кои е препорачливо да ги средите пред да ви дојдат гости бидејќи се лесно забележливи:
Проверете дали има мувла во домот
Мувлата се појавува на влажни места, како бањата и кујнскиот мијалник. А, мувлата не само што покажува дека одамна не сте исчистиле, туку може да биде и токсична.
Препорачливо е редовно да ја отстранувате мувлата од домот, и тоа не само кога треба да ви дојдат гости.
Во случај да очекувате гости, пробајте набрзина да ја отстраните мувлата на повидливите места, како завесата во бањата.
Исчистете ги подовите
Валканиот под прави огромна разлика, дури и ако остатокот од домот ви е среден, а гостите дефинитивно ќе го забележат.
Избришете прашина од видливите места
Не мора темелно да ја чистите прашината од домот, но соберете ја од повидливите места, како полиците и масата во дневната.
Исчистете го тоалетот
Повторно, не мора темелно да го чистите тоалетот, но барем исчистете ја школката, тргнете ги остатоците од бигор и паста за заби од мијалникот и поминете го подот со џогер.
Средете ги расфрланите работи
Соберете ја расфрланата облека, тргнете ги купчињата сметки, весници и други хартии, соберете ги играчките на детето…
Генерално, вратете ги сите предмети на нивното соодветно место.
Отстранете ги влакната од миленикот и исчистете ја кутијата со песок
Не дозволувајте вашите гости да седат на кревет на кој има влакна од мачка или куче.
Исто така, ако чувате мачка, исчистете го нејзиниот песок.
Освежете го воздухот
Бидејќи вие живеете во вашиот дом, можно е да не ни забележувате ако внатре има некој непријатен мирис.
Па, добро проветрете ги просториите и освежете го воздухот со мирислива свеќа, етерично масло или освежувач за воздух.
Исчистете ги огледалата
Валканите огледала привлекуваат навистина многу внимание, па добро би било да ги исчистите пред да дојдат гостите.
Ако имате повеќе време, препорачливо е да ги исчистите и прозорците.
Ставете чисти крпи во бањата
Гостите дефинитивно ќе забележат ако во бањата има влажни и валкани крпи.
Не заборавајте дека и тие сигурно ќе го искористат тоалетот, па не дозволувајте да се бришат со валкани крпи.
Фрлете го ѓубрето
Дури и ако корпата за ѓубре ви е скриена, препорачливо е да ја испразните бидејќи од неа се шири непријатен мирис.
Средете ја кујната
Измијте ги садовите, избришете ја масата, исчистете го подот и сменете ги крпите во кујната.