9 грешки со кои несвесно разнесувате бактерии низ целиот дом (речиси секој ден)

Дали пуштате вода во тоалетната школка со кренат капак? А, дали заборавате да ги исчистите кваките во домот?

9-greshki-so-koi-nesvesno-raznesuvate-bakterii-niz-celiot-dom-rechisi-sekoj-den-001.jpg

Дури и ако одржувате беспрекорна хигиена во домот, веројатно правите некоја грешка со која несвесно разнесувате бактерии насекаде.

Во продолжение најчестите вакви грешки:

Не ја чистите микробрановата печка

Можеби микробрановата не се валка лесно колку рерната, но тоа не значи дека во неа нема бактерии.

Важно е редовно да ја чистите микробрановата, околу еднаш неделно, а не само кога ќе забележите дека во неа има дамки од храна и пијалаци.

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-raznesuvate-bakterii-niz-celiot-dom-02.jpg

Користите тврд сапун

Во овој случај проблемот е садот во којшто стои сапунот. Бидејќи речиси постојано е влажен, внатре можат да се развијат секакви бактерии.

Не мора да почнете користите течен сапун доколку не сакате, но барем купете сад кој ќе му овозможи на сапунот да се исуши. Истовремено, редовно чистете го садот и не заборавајте да ја истурате водата од него.

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-raznesuvate-bakterii-niz-celiot-dom-03.jpg

Ги сушите рацете со сушач за раце

Сушачите со топол воздух ги сушат рацете навистина брзо. Но, со дувањето разнесуваат бактерии насекаде – не само на вашите дланки, туку и на вашата облека.

Затоа, секогаш подобро е да ги избришете рацете со хартија или крпа.

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-raznesuvate-bakterii-niz-celiot-dom-04.jpg

Немате посебни крпи во домот

Колку и да ја чистите бањата, високата влажност во неа значи дека секогаш ќе има повеќе бактерии.

Кога станува збор за крпите за раце, препорачливо е секој во домот да си има своја крпа.

Ако сите се бришат со иста крпа, таа ќе нема време да се исуши, па ќе стане погодно место за развој на бактерии.

Нормално, ова важи и за крпите за лице, како и за бањарките.

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-raznesuvate-bakterii-niz-celiot-dom-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg