Зошто треба да ја менувате кујнската крпа неколкупати неделно и како да ја исперете правилно?

Влагата ги прави кујнските крпи совршено место за развој на бактерии, па препорачливо е да ги заменувате неколкупати неделно.

zoshto-treba-da-ja-menuvate-kujnskata-krpa-shto-nekolkupati-nedelno-i-kako-da-ja-isperete-pravilno-01.jpg

Бидејќи во кујната приготвуваме храна, но и бидејќи користиме многу вода, во неа може да има многу бактерии.

А, повеќето од овие бактерии се наоѓаат на кујнските крпи.

Всушност, на кујнските крпи лесно се собираат толку многу бактерии, што некои сметаат дека треба да ги менуваме секој ден.

Можеби навистина нема потреба да ги менуваме токму секој ден, но добро би било да го правиме тоа неколкупати неделно.

Во продолжение неколку причини зошто, но и неколку совети за нивното перење:

Колку повеќе ја користите, толку повеќе бактерии има на неа

Бактериите се насекаде околу нас и додека некои се потполно безопасни, постојат и оние кои можат да ни создадат проблеми.

Ако ги бришете рацете со кујнската крпа неколкупати дневно, или ако ја користите и за да ги избришете влажните садови, тогаш во само еден ден на неа можат да се насоберат многу бактерии.

Доколку ја користите кујнската крпа за повеќе работи (раце, садови, површини), тогаш е препорачливо да ја менувате секој ден.

zoshto-treba-da-ja-menuvate-kujnskata-krpa-shto-nekolkupati-nedelno-i-kako-da-ja-isperete-pravilno-02.jpg

Влажната и топла околина е совршено место за развој на бактерии

Покрај честото користење, влажноста и топлината ја прават кујнската крпа место погодно за развој на бактерии.

Ако почнувате да забележувате непријатен мирис на крпата, тоа значи дека на неа веќе има многу бактерии и препорачливо е да ја ставите за перење.

zoshto-treba-da-ja-menuvate-kujnskata-krpa-shto-nekolkupati-nedelno-i-kako-da-ja-isperete-pravilno-03.jpg

Ако готвите многу месо или риба, менувајте ја крпата почесто

Со процесот на готвење се отстрануваат штетните бактерии од месото и рибата.

Но, ако ја забришете помошната маса со кујнската крпа откако ќе завршите со приготвување на месото, дел од бактериите ќе завршат на неа.

Ако потоа ја искористите крпата за да ги избришете влажните садови, само ќе ги префрлите бактериите на нив.

Затоа, кога готвите месо или риба препорачливо е веднаш потоа да ја замените крпата со чиста. 

zoshto-treba-da-ja-menuvate-kujnskata-krpa-shto-nekolkupati-nedelno-i-kako-da-ja-isperete-pravilno-04.jpg

Закачете повеќе крпи во кујната

Најдобро е да имате две-три крпи во кујната, во зависност од вашите потреби.

Една нека биде за раце, една за садови, а една за површини.

Не заборавајте дека дури и кога имате различни крпи за различни намени, треба да ги менувате често.

zoshto-treba-da-ja-menuvate-kujnskata-krpa-shto-nekolkupati-nedelno-i-kako-da-ja-isperete-pravilno-05.jpg

Перете ги крпите на висока температура

Веќе е јасно дека на кујнската крпа има многу бактерии, а некои од нив можат да го преживеат перењето на ниски температури.

За да бидете сигурни дека ќе ги отстраните сите бактерии од крпата, препорачливо е да ја перете на највисока температура.

По перењето исушете ја добро бидејќи, како што веќе спомнавме, влагата ја прави место погодно за развој на бактерии.

zoshto-treba-da-ja-menuvate-kujnskata-krpa-shto-nekolkupati-nedelno-i-kako-da-ja-isperete-pravilno-06.jpg

Фрлете ги истрошените крпи

Со текот на времето крпата ќе почне да се кине, на неа ќе останат дамки, а може и да ѝ се намали моќта на впивање.

Препорачливо е да ги заменувате старите крпи со нови на секои две години, а може и порано доколку забележите дека се премногу истрошени.

zoshto-treba-da-ja-menuvate-kujnskata-krpa-shto-nekolkupati-nedelno-i-kako-da-ja-isperete-pravilno-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
Совети како да се грижите за подот да делува како да е нов и по долго време Без оглед дали дома имате (или сакате да ставите) паркет, ламинат или линолеум, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg