5 совети со кои ќе ја намалите сметката за вода во домот
Редовно проверувајте ги цевките и вентилите за вода низ домот – со ова не само што ќе заштедите вода, туку и ќе ги избегнете проблемите што може да ги предизвика протекувањето на водата.
Можеби сметката за вода е една од најниските што ги плаќаме секој месец, но секогаш можете да користите помалку вода, и тоа не само за да ги намалите трошоците, туку и да ѝ направите добро на планетата.
Ова е особено важно во летната сезона кога неретко има и рестрикции на вода поради недостаток.
Пониската сметка, пак, ќе биде само уште една придобивка од разумното трошење.
Што можете да направите за да ги намалите трошоците за вода во домот?
Туширајте се што е можно побрзо
Сите сакаме да „заглавиме“ под туш некогаш и по половина час, но знаевте ли дека со туширање кое трае 20 минути се трошат речиси 150 литри вода?
Одвреме-навреме дозволете си да уживате подолго, но пробајте во поголемиот дел од времето да се туширате не повеќе од 5-10 минути.
Во лето чувајте шишиња вода во фрижидерот
Кога полниме вода за пиење, скоро сите чекаме некоја минута со пуштена чешма додека да почне да тече постудена. А, додека чекаме, залудно се губи голем количество вода.
Лесно можете да го избегнете ова ако, едноставно, чувате ладна вода во фрижидерот.
Користете кофа ако го миете автомобилот
Ако го миете автомобилот во дворот, наполнете кофа вода и исчистете го така.
Користете го цревото што е можно помалку, бидејќи тоа троши огромни количини вода.
Проверете дали има цевка или вентил што тече
Редовно проверувајте ги цевките и вентилите низ домот за протекување.
Со ова не само што ќе ја намалите сметката за вода, туку и ќе се спасите од потенцијалната штета што можат да настане од протекувањето.
Не пуштајте полу-празна машина за перење облека
Не треба да ја преполнувате машината за перење облека, но и не е препорачливо да ја пуштите за само 2-3 парчиња облека.
Со ова само залудно ќе потрошите исто количество вода (и електрична енергија) со кои инаку би испрале многу повеќе облека.
Спирова С. | Црнобело