10 едноставни совети со кои ќе ги намалите трошоците за сметки во домот
Не ставајте повеќе вода од потребното во електричниот бокал, а кога печете нешто, немојте постојано да ја отворате рерната.
Намалувањето на потрошувачката на вода и струја во домот не е добро само за вашиот џеб, туку е одлично и од еколошка перспектива.
Секако, за повеќето можеби е поважно да ги намалат сметките, но со разумно трошење можете да ѝ направите добро и на нашата планета.
А, за да ги намалите овие трошоци, не мора да се откажувате од ништо. Едноставно, треба да обрнете внимание на некои ситници.
Па, како да ги намалите трошоците во домот?
Користете ја ринглата со соодветна големина
За да се загрее поголема рингла, потребна е повеќе енергија. Па, ако ставите помало тенџере на поголема рингла, залудно ќе трошите струја.
Правилно користете го клима-уредот
Кога ќе го вклучите клима-уредот за да ја разладите просторијата, затворете ги сите прозорци и врати.
Исто така, осигурете се дека уредот нема да биде изложен на сончева светлина додека работи – ова веројатно нема да го расипе, но може непотребно да го загрее.
И, кога не сте дома, не заборавајте да го исклучите.
Купете туш со помала глава
За да имате доволно притисок кога користите туш со голема глава, ќе треба да потрошите и повеќе вода.
Што значи, тушевите со помали глави се многу поекономични.
Не го преполнувајте фрижидерот, но и не го оставајте празен
За да ја намалите потрошувачката на фрижидерот, препорачливо е да го наполните околу 2/3. Ако немате толку продукти, можете да ставите и шишиња со вода.
На овој начин, фрижидерот треба да разлади помалку воздух, што значи ќе работи пооптимално.
Препорачливо е и да не го ставате до уреди кои создаваат топлина, како рерна, за да не прегрее.
И, најважното, секојпат осигурете се дека вратата е добро затворена.
Не ставајте повеќе вода во бокалот од потребното
За да загрее поголемо количество вода, електричниот бокал ќе потроши повеќе електрична енергија.
Па, ако вам ви треба да наполните само еден филџан, нема потреба да загревате цел литар вода.