7 работи во домот што може да се оштетат ако ги чистите со оцет
Оцетот често се користи како универзално природно средство за чистење и за отстранување бигор, но во некои случаи би било подобро да купите специјално наменети препарати и средства и да не штедите. Кои предмети во домот не треба да ги чистите со оцет?
Оцетот честопати се користи за отстранување бигор на површините и за чистење на голем број површини во домот, но за некои површини може да биде погрешна одлука.
Погледнете што не треба да чистите со оцет и зошто:
Огледала
Честопати се вели дека оцетот е одличен за чистење на стаклените површини и се препорачува тој да се нанесува така што ќе се раствори во сооднос 1:1 со вода.
Сепак, треба да имате предвид дека честото користење на кисели средства на огледалата може да предизвика корозија и оштетување на сребрената површина на огледалото.
Подобро е да се користи поблаго средство за чистење со микрофибер крпа за бришење.
Пегла
Дното на пеглата може да се исчисти со оцет и да ја исчистите нечистотијата залепена на основата.
Сепак, доколку се соочувате со „затната“ прскалка на пегла заради наталожен бигор не се препорачува да користите оцет за нејзино одзатнување, затоа што оцетот може да ги оштети внатрешните делови од апаратот.
Најдобро е да се придржувате до упатствата за чистење и одржување на уредот приложени во упатството за употреба.
Ножеви
Според некои блогери дамките на кујнските ножеви може да се исчистат ако ги потопите во оцет, но, ако ги потопувате премногу често, оцетот може да ги отапи и да ги оштети.
Исто така, кај ножевите што се изработени од посовремени материјали (пример јаглеродни влакна) сечилото може во целост да ја промени бојата поради употребата на оцет.
Екрани на мобилни телефони
Екраните на мобилните телефони, таблети и други слични уреди на екранот имаат облога што е отпорна на оставање отпечатоци.
Доколку ги чистите уредите со оцет можете да ја оштетите оваа облога, па затоа најдобро е да ги чистите само со влажна крпа.
Дрвени подови
Користењето оцет за чистење на дрвени подови може да го оштети лакот или завршниот слој на подот.
Иако се смета дека е мошне „благо“ и природно средство за чистење, оцетот на дрвените подови реагира како хартија за стругање.
Најдобро е да користите средства наменети за чистење дрвени подови.
Нелепливи садови за готвење
Кога го користите оцетот за чистење на нелепливи садови за готвење можете да ја оштетите површината.
Дополнително, користењето на оцет на ваквите садови честопати може да направи хемиска реакција со самиот метал и да предизвика 'рѓосување на садот.
Мермерна плоча во кујната
Површините од природен камен или мермер не смеат да се чистат со оцет.
Оцетот нема да предизвика голема штета на каменот, но може да ја нагризе заштитната површина, поради што таа ќе го загуби сјајот.
Најдобро е овие површини да се чистат со обичен сјај и вода.
Б. С. Б. | Црнобело