Работи кои никако не треба да ги фрлате во тоалетната школка или мијалникот
Талог од кафе
Ако истурите талог од кафе во школката или мијалникот, тоа е исто како да сте истуриле песок.
Талогот не се раствора во вода, може да се „налепи“ на цевките и да ги блокира.
Влажни марамчиња
Влажните марамчиња се направени од синтетички материјали и никогаш нема да се растворат во вода. Всушност тие се едни од најчестите причини за затнати цевки.
Весници
Само затоа што весниците се направени од хартија, не значи дека е безбедно да се фрлаат во тоалетната школка.
На весниците им е потребно долго време целосно да се растворат во вода, што значи лесно можат да се наталожат во цевките и да ги затнат.
Измет на мачки
Никако немојте да го фрлате изметот на мачката од кутијата со песок во тоалетната школка. Песокот за мачки има и синтетички состојки кои нема да се растворат во вода.
Глина за лице
Ако користите маска за лице од глина, немојте да ја миете во мијалникот, туку отстранете ја со влажна крпа.
Во цевките, глината може да се стврдне и наталожи и да предизвика блокада.
Семки
Семките од лубеница, цреши, јаболка или што било секојпат фрлајте ги во корпата за отпадоци, никако во тоалетната школка или мијалникот.
Како и сè останато на листава, и семките можат да ги затнат цевките.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





