Работи кои никако не треба да ги фрлате во тоалетната школка или мијалникот

Ако имате навика да го истурате талогот од кафе во мијалникот или тоалетната школка, време е да престанете ако не сакате да ги блокирате цевките.

raboti-koi-nikako-ne-treba-da-gi-frlate-vo-toaletnata-shkolka-ili-mijalnikot-01.jpg

Некогаш навистина не помислуваме што сè фрламе во мијалникот или тоалетната школка, за потоа да бидеме зачудени зошто ни се затнала некоја цевка.

На сите ни е јасно дека нештата како хигиенски влошки и храна треба да се фрлаат само во корпа за отпадоци, но постојат и помалку очигледни работи кои не треба да ги фрлате во школката или мијалникот.

Во продолжение погледнете кои:

Брашно и тесто

Кога ќе се измеша со водата од цевките, брашното може да стане лепливо и со текот на времето да се наталожи и да ги затне.

Тестото, пак, не само што содржи брашно, туку има и квасец, поради што може да се зголеми и со текот на времето да направи проблем во водоводот.

raboti-koi-nikako-ne-treba-da-gi-frlate-vo-toaletnata-shkolka-ili-mijalnikot-02.jpg

Хартиени бришачи за раце

Иако навидум се исти како тоалетната хартија, не е препорачливо да ги фрлате хартиените бришачи во тоалетната школка.

За разлика од тоалетната хартија, бришачите за раце не се раствораат лесно во вода, па ако редовно ги фрлате во школката, кога-тогаш ќе ги затнете цевките.

raboti-koi-nikako-ne-treba-da-gi-frlate-vo-toaletnata-shkolka-ili-mijalnikot-03.jpg

Масло за готвење

Маслото за готвење, вклучувајќи ги и мастите од животинско потекло, можат да се стврднат во цевките, со текот на времето да се акумулираат и, веројатно претпоставувате, да ги затнат.

raboti-koi-nikako-ne-treba-da-gi-frlate-vo-toaletnata-shkolka-ili-mijalnikot-04.jpg

Памук

Памукот не се раствора во вода. Наместо тоа, ја апсорбира водата и со тоа си го зголемува волуменот. Па, ако го фрлате во школката, дефинитивно ќе предизвика проблем.

raboti-koi-nikako-ne-treba-da-gi-frlate-vo-toaletnata-shkolka-ili-mijalnikot-05.jpg

Остатоци од храна

Никогаш немојте да фрлате остатоци од храна во тоалетната школка, без разлика за каква храна станува збор.

Иако можеби храната се разградува, ова не се случува преку ноќ, па со текот на времето ќе се акумулира во цевките.

raboti-koi-nikako-ne-treba-da-gi-frlate-vo-toaletnata-shkolka-ili-mijalnikot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
Чести грешки кои имаат влијание врз хигиената во бањата Ја чувате луфата во туш кабината или на кадата, крпите ги складирате во бањата и...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...
8 работи поради кои спалната соба ви е секогаш хаотична Хаосот од расфрланите продукти за убавина и несредениот накит во спалната секако...
9 работи на кои не обрнувате внимание во продавница, а се корисни за домот Додаток за чешма за поубаво распрскување на водата, вакуум ќеси за складирање об...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg