Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни)

Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептот бара точни мерки, а вие немате вага? Овие едноставни трикови да измерите со чинија, со прсти или со лажици, ќе ви бидат добредојдени...

korisni-trikovi-kako-da-gi-izmerite-sostojkite-od-oko-a-da-se-tochni-01_copy.jpg

Кога подготвувате храна по некој рецепт, често треба точно да ги измерите состојките што ги ставате.

Но, при рака немате вага, а мерките се дадени во милилитри или грамови, како тогаш да измерите точно колку треба да ставите од некоја состојка?

Прочитајте ги овие корисни трикови, каде состојките ќе можете да ги мерите „од око“ со помош на рацете, со лажици, шолји или чинии, а сепак тие ќе бидат точни.

korisni-trikovi-kako-da-gi-izmerite-sostojkite-od-oko-a-da-se-tochni-06.jpg

Мерете со раце

Да претпоставиме дека треба да измерите сол (иако на ист начин можете да измерите и други зачини или состојки).

- Спојте ги прстите на шаката и подзатворете ја дланката. Потоа полека истурајте ја солта во неа. Количината што ќе ја собере во централниот дел на дланката е еднаков на 1 лажичка сол.

- Кога ќе земете сол меѓу палецот, показалецот и третиот прст, тоа е еднакво на 1/8 лажичка, односно прстофат.

- Повторете ја претходната постапка двапати ако треба да измерите ¼ лажичка.

- Ако истурите сол на брегот на дланката кој се наоѓа под показалецот, ќе добиете количина еднаква на ½ лажичка.

- Врвот на палецот е мерка за 1 лажица.

- Врвот на показалецот е еднаков на 1 лажичка.

korisni-trikovi-kako-da-gi-izmerite-sostojkite-od-oko-a-da-se-tochni-02_copy.jpg

Мерете со чинија

Состојките можете да ги измерите и со помош на чинија (со дијаметар од 27cm).

Ако е полна ¼ од чинијата, тоа е еднакво на 1,5 шолји за чај.

Ако чинијата е ½ полна, тоа е еднакво на 3 шолји за чај (околу 700g).

korisni-trikovi-kako-da-gi-izmerite-sostojkite-od-oko-a-da-se-tochni-03.jpg

Мерете со шолји за чај и лажици

Кога ја мерите храната со шолји и лажици, треба да знаете дека постои разлика меѓу мерењето состојки во милилитри и грамови.

Ако треба да измерите 30ml течност, таа количина е еднакви на 6 мали лажички.

За да измерите 30ml течност можете да користите и големи лажици, но во тој случај оваа количина е еднаква на 2 големи лажици.

Ако, пак, треба да измерите 250g брашно, сол или некоја друга волуменозна состојка, таа ќе биде еднаква на количината што ќе ја собере во 1 шолја за чај.

korisni-trikovi-kako-da-gi-izmerite-sostojkite-od-oko-a-da-se-tochni-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg