5 работи од вашата кујна кои е најдобро да ги фрлите
Ако одамна не сте направиле генералка во кујната, сигурно имате многу работи што воопшто не ви требаат. Или, кога сепак темелно ја чистите, се убедувате да ги зачувате сите работи во случај да ви притребаат.
Голема е веројатноста да имате и некои работи кои не се соодветни за во кујна и можат да ви предизвикаат проблеми.
Сето ова се нешта од кои е најдобро да се ослободите.
Погледнете за кои станува збор:
Безброј тегли со зачини
Одговорете искрено – колку од зачините што ги чувате во кујната навистина ги користите?
Без разлика колку се убедувате дека некогаш ќе ви притребаат сите зачини, штом досега не сте ги користеле, веројатно нема ни да помислите на нив во блиска иднина.
Затоа, наместо да ви собираат прашина и да ви зафаќаат место, фрлете ги теглите со зачините кои не сте ги употребиле долго време.
Завеси
Во кујната често има испарувања од готвењето поради што завесите од ткаенина се валкаат многу брзо. Ако завесите се во близина на шпоретот, на нив сигурно има и дамки од масло и храна.
За да си заштедите време на перење, заменете ги завесите со ролетни/венецијанери или нешто слично, лесно за одржување.
Пластични лажици за готвење
Бидејќи готвењето се одвива на високи температури, не е препорачливо да користите пластични лажици кои можат да се стопат.
Можеби лажицата нема целосно да се растопи, но поради високата температура голема е веројатноста во јадењето да заврши некоја честичка од неа, која потоа ќе влезе во вашето тело.
Средства за чистење
Можеби сакате средството за шпорети и рерни да ви биде при рака, но не е паметно да ги чувате во кујна.
Овие средства иако ефикасни, сепак се полни со отровни материи кои не би требало да стојат во просторијата каде што приготвувате храна.
Алуминиумска фолија
Алуминиумската фолија е генерално безбедна, но ако постојано готвите со неа, можете да го зголемите нивото на алуминиум во организмот.
Наводно, за повеќето луѓе ова не би требало да претставува проблем, но ако сепак сте загрижени, најдете соодветна замена.
Спирова С. | Црнобело