Облеката на поранешниот партнер и уште 6 други работи што веднаш треба да ги исчистите од гардероберот
Маици со реклами
Маиците со различни натписи и од различни рекламни кампањи што сте ги добиле, најверојатно никогаш нема ниту да ги облечете.
Нема потреба ниту да ги чувате во гардероберот. Можете слободно да ги исечете и од нив да направите крпи за бришење прашина.
Бели маици со жолти дами од стоење
На старите бали маици што добиле жолти дамки им нема спас. Залудно ги чувате кога не можете ниту да ги исчистите, ниту пак да ги носите.
Чорапи и ракавици на кои сте им го загубиле парот
Мошне често да загубите еден чорап или една ракавица.
Тоа се парчиња што лесно можете да ги замените и навистина нема никаква смисла да го чувате осамениот другар во гардероберот, кога никогаш повеќе нема да ги облечете.
Оштетени закачалки
Оштетените закачалки треба веднаш да ги фрлите во ѓубре. Зошто би се обидувале да поправате нешто што е мошне евтино и можете да го најдете насекаде!?
Дополнително ќе се ослободите од хаосот во вашиот гардеробер.
Б. С. Б. | Црнобело /фото: Pexels