Облеката на поранешниот партнер и уште 6 други работи што веднаш треба да ги исчистите од гардероберот

Облеката на поранешниот партнер, белата кошула со жолти дамки што сте ја наследиле од баба ви, ракавиците и чорапите кои останале без нивниот другар... Кои парчиња облека веднаш треба да ги исчистите од гардероберот за да не ви зафаќаат простор залудно? 

oblekata-na-poraneshniot-partner-i-ushte-6-drugi-stari-parchinja-obleka-shto-vednash-treba-da-gi-ischistite-od-gardaroberot-vi-nosat-negativna-energija-01.jpg

Според Фенг Шуи она што ве опкружува остава огромен печат на вашето физичко и емотивно здравје.

Вашата околина често е огледало на она што ви се случува во секојдневниот живот, а голем дел од негативната енергија е предизвикана токму од нередот и непотребните предмети, од предметите што не ги сакате и не ги користите, како и од скршените и нефункционални предмети што повеќе не можете да ги употребите.  

Кога станува збор за организацијата на гардероберот, чувањето на некои непотребни парчиња облека не само што ви зафаќа простор, туку се смета дека ви носи и негативна енергија, затоа што претставува дополнителен емотивен товар со којшто треба секојдневно да се справувате.

По отстранувањето на овие парчиња, ќе отстраните и голем емотивен товар од себеси и ќе се чувствувате посреќни и позадоволни.

Стари пижами

Иако можеби ви е тешко да се одвоите од старите пижами што ви биле удобни и во нив сте се чувствувале како во своја кожа, сепак на ваквите износени парчиња местото не им е во гардероберот.

Фрлете ги и најдете нова, удобна и квалитетна замена, што ќе ви потрае подолго време.

obleka-shto-privlekuva-negativna-energija-koi-parchinja-treba-vednash-da-gi-otstranite-od-garderoberot-02.jpeg

Облеката на бившиот

Зошто воопшто ја чувате неговата облека?

Во тој миг кога ќе го исчистите гардероберот од неговите парчиња облека, ќе се ослободите и од емоционалниот тогаш што го носите и ќе се чувствувате многу подобро.

obleka-shto-privlekuva-negativna-energija-koi-parchinja-treba-vednash-da-gi-otstranite-od-garderoberot-03.jpeg

Стари градници

Старите градници немаат никаква функција... Зошто би ги чувале? Најголемиот број градници го губат првобитниот облик по една година редовно носење, но вие самите треба да процените дали вашиот градник е износен и дали му е време да го исфрлите.

obleka-shto-privlekuva-negativna-energija-koi-parchinja-treba-vednash-da-gi-otstranite-od-garderoberot-05.jpeg

Уште 4 предмети на следната страна...



Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Како најлесно да ја исчистите завесата во бањата? Ако забележите нечистотии или мувла на завесата за туширање во вашата бања, не з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg