Генијални трикови за готвење кои ќе ви го олеснат времето поминато во кујна
Со овие трикови, готвењето и целата работа во кујна ќе ви бидат многу, многу полесни.
Дали уживате во вкусот на печурките, но мразите што е потребна цела вечност за да ги исечете? Дали можеби сакате киви, но никогаш не успевате да ги излупите како што треба? Тогаш сте на вистинското место.
Овие едноставни кујнски трикови ќе ви помогнат да ги решите и проблемите за кои не сте ни биле свесни дека ги имате и сигурно ќе ви се најдат барем еднаш.
Сечачот за јаболка може да ви користи и за печурки
Ако сакате брзо да ги исечете печурките, можете да користите сечач за јаболка.
Уште еден трик за сечење печурки
Ако сакате потенки парчиња, наредете ги печурките на стапче за ражничи и наеднаш ќе можете да исечете 4-5 печурки.
Складирање ориз и друга зрнеста храна
Ако при рака немате сад за складирање на оризот, гравот и сличната зрнеста храна, ставете ја во кеса за замрзнување. Потоа исечете го горниот дел од пластично шише, протнете ја кесата низ отворот и затворете го капачето, како на фотографијата.
Не ја фрлајте пластичната заштита на шишето масло
Наместо да го фрлате малиот пластичен круг кога отворате ново шише масло, можете да го наместите на отворот. На овој начин од шишето ќе тече помалку масло и ќе можете да бидете попрецизни.
Како да ја освежите марулата?
Само затоа што марулата изгледа малку овенато, нема потреба да ја фрлите. Наместо тоа, ставете ја во сад со студена вода и оставете ја да отстои. На ист начин можете да ги „спасите“ и краставиците и лимоните.