Генијални трикови за готвење кои ќе ви го олеснат времето поминато во кујна
Сечење тесто со чаша
Ако немате кружен калап за сечење тесто, секогаш можете да употребите чаша.
Исечете го кивито со маталка од миксер
Кивито може да биде проблематично кога станува збор за лупење, но овој трик ќе ви помогне да го решите тој проблем. Едноставно, пресечете го кивито на половина, па исечете го со помош на маталка за миксер, како на фотографијата.
Како да направите совршени пржени јајца?
Ако не сакате жолчката да се разлее, пред да го пржите јајцето, најпрво одделете ги жолчката и белката. Потоа на загреано масло ставете ја белката, па откако ќе се испржи малку, ставете ја и жолчката.
Лупење моркови со алуминиумска фолија
За лесно да ги излупите морковите кога немате добар сечач или немате никаков, само направете топка од алуминиумска фолија, па истријте ја кората на зеленчукот.
Уште еден трик со маталка за миксер
Знаевте ли дека можете да го извадите брашното од кесата со помош на маталка за миксер? На овој начин ќе направите помалку неред, а и полесно ќе измерите колку брашно сте ставиле.
Исцедете ја водата од оризот со виљушка
Ако варите ориз во пластична кеса, важно е добро да го исцедите. Во овој случај може да ви користи виљушка, со чија помош ќе ја закачите кесата ориз на чешмата, па оставете ја неколку минути. Оризот ќе се исцеди без да ја допирате врелата кеса, а и целата вода ќе заврши во мијалникот.
Спирова С. | Црнобело