Како да добиете сончево жолта боја за велигденските јајца?

Сите домаќинки кои барем еднаш се обиделе да добијат сончево жолта, интензивна боја на велигденските јајца, знаат дека тоа е една од потешките бои за постигнување.

kako-da-dobiete-sonchevo-zholta-boja-za-veligdenskite-jajca-2.jpg

Овојпат, ви предлагаме да пробате малку поинаков начин на боење, за сосема поинаков ефект.

Потребно ви е:

* За 3 јајца со средна големина

  • 2 супени лажици зачин куркума во прав
  • 750 ml вода
  • 1 лажица оцет
  • Малку сол

За бојата да биде поинтензивна може да користите бели јајца.

Фарбањето се одвива на следниот начин:

Помешајте го зачинот со врелата вода, оцетот и малку сол, па потопете ги јајцата.

Најдобро е јајцата да се претходно сварени, а во мешавината со боја треба да отстојат неколку часа.

Потоа, извадете ги јајцата и само нежно истапкајте ги со мека ткаенина. Откако целосно ќе се исушат може да ги премачкате со малку масло.

kako-da-dobiete-sonchevo-zholta-boja-za-veligdenskite-jajca-1.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
Трикови со кои предметите и храната во домот ќе ви траат подолго (и ќе ви заштедат пари) Чувајте го лебот во фрижидер за да ви трае подолго, а облеката перете ја преврте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg