Трик за боење на велигденските јајца во црвено вино, со светкав ефект
Сè што ќе ви треба за светкави велигденски јајца оваа година е неколку литри црвено вино.
Може да го спроведете истиот трик и со бело вино и додадени бои. Важно е јајцата да „отстојат“ во вино.
Јајцата ставете ги во едно тенџерче и додадете ладно вино по избор, црвено или бело, и варете додека виното не зоврие. Варете уште 5 минути плус.
Оставете ги јајцата во виното 8 часа, односно преку ноќ.
По извесно време винскиот состав на лушпите ќе им даде светкав сјај, како да се прекриени со кристали.
Ако решите да си поиграте со бело вино, може да додадете и боја за велигденски јајца по зовривањето на виното.
Јајцата варени во чисто црно вино нема да имаат само светки, туку и убава, богата црвена боја.
М. Д. | Црнобело