Предмети во домот кои не треба да ги чистите со сода бикарбона

Сигурно веќе знаете дека сода бикарбоната е одлична за чистење одредени предмети во домот. Сепак, во некои ситуации не е препорачливо да ја користите.

predmeti-vo-domot-koi-ne-bi-trebalo-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-01.jpg

Сода бикарбоната може да биде премногу агресивна за некои материјали како, на пример, стакло, па ако не сте внимателни можете да направите гребаници на предметот.

Затоа, погледнете за кои работи е најдобро да не користите сода бикарбона:

Стакло

Можеби сода бикарбоната добро ги отстранува дамките од прозорците, но бидејќи има абразивни својства, постои ризик да ги оштети. Ако сакате поприродно средство за чистење прозорци, подобро е да користите раствор од оцет и вода.

predmeti-vo-domot-koi-ne-bi-trebalo-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-02.jpg

Алуминиум

Ако ги чистите садовите од алуминиум со сода бикарбона, осигурете се дека добро ќе ги исплакнете со многу вода. Причината е тоа што сода бикарбоната може да предизвика оксидација на алуминиумот.

Шпорет со керамичка плотна

Слично како со стаклото, сода бикарбоната може да ја оштети и керамичката плотна на шпоретот, но и да остави бели траги врз неа. И во овој случај, подобро е да користите раствор од вода и оцет.

predmeti-vo-domot-koi-ne-bi-trebalo-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-04.jpg

Мермерни површини

Сода бикарбоната може да биде штетна и за мермерните површини, па најдобро е да избегнувате да ги чистите со неа.

predmeti-vo-domot-koi-ne-bi-trebalo-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-05.jpg

Дрвени површини

Сода бикарбоната може да го оштети заштитниот слој, односно лакот на дрвените површини.

predmeti-vo-domot-koi-ne-bi-trebalo-da-gi-chistite-so-soda-bikarbona-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg