Секојдневни кујнски уреди кои ги користите неправилно

Честопати дознаваме дека некои работи кои цел живот ги правиме на еден начин, е всушност тој погрешниот.

sekojdnevni-kujnski-uredi-koi-gi-koristite-nepravilno-01.jpg

Па така, многумина погрешно ги користат кујнските уреди и препарати при начинот на подготовка храна, или пак при миењето садови во машина.

Понекогаш дури и си го комплицираме животот користејќи го потешкиот начин, бидејќи не сме свесни за алтернативниот и подобар.

Погледнете кои работи ги правите погрешно:

Погрешно ја полните машината за садови

Многумина чиниите ги редат една пред друга, заради што често не се совршено измиени.

Затоа, научниците направиле шема за идеален распоред на садовите во машината.

  • Поставете ги чиниите во круг, бидејќи така водата циркулира.
  • Во центарот подобро ставете чинии со остатоци од храна со јаглехидрати, како тестенини.
  • Од страните ставете ги чиниите со храна со протеин (месо).

sekojdnevni-kujnski-uredi-koi-gi-koristite-nepravilno-02.jpg

Неправилно ја загревате храната во микробранова

Можеби сте забележале дека во микробранова, храната најмногу се загрева од страните, а во средината е поладна.

Токму затоа е подобро храната да ја ставите од страните, а во средината да остане дупка за да може да се загрее еднакво.

sekojdnevni-kujnski-uredi-koi-gi-koristite-nepravilno-03.jpg

Погрешно го користите ножот со врв како виљушка

Овој нож се наоѓа во многу домаќинства но многумина не знаат која е неговата цел.

Тој е првично создаден за сечење кашкавал, а истовремено со врвот да се одвојуваат парчињата.

Се користи и за сечење овошје и зеленчук со нежна и еластична лушпа.

sekojdnevni-kujnski-uredi-koi-gi-koristite-nepravilno-04.jpg

Не го матите шлагот правилно

Искусните домаќинки предупредуваат дека ако не го подготвите миксерот, шлагот може да не биде толку добар.

Доволно е да ги изладите маталките и садот во фрижидер, а потоа таму да ја матите смесата која што на тој начин ќе биде помека.

sekojdnevni-kujnski-uredi-koi-gi-koristite-nepravilno-05.jpg

Не ги користите опциите на тостерот за печење лепчиња

Многумина овој уред го поставуваат само еднаш и потоа не менуваат ништо.

Но сепак на многу од нив постои опција да се менува во зависност од дебелината на лебот и начинот на печење.

sekojdnevni-kujnski-uredi-koi-gi-koristite-nepravilno-06.jpg

Го контролирате автоматското подготвување храна

Кога ги користите уредите кои се наменети за сами да ја подготват храната, како што е пекачот за леб, треба да се опуштите и да оставите тие да си ја завршат работата.

Ако постојано проверувате до каде е јадењето и ги отворате, го расипувате крајниот резултат со менувањето на температурата.

Некој го смислил тоа да работи само и времето на подготовка е пресметано, па само треба да чекате да заврши.

sekojdnevni-kujnski-uredi-koi-gi-koristite-nepravilno-07.jpg

Не ги користите функциите на сите лажици за шпагети

Лажицата за шпагети помага лесно да ги земете тенките стапчиња, а дупката претставува и мерка за просечна порција шпагети пред да ги ставите во тенџерето.

sekojdnevni-kujnski-uredi-koi-gi-koristite-nepravilno-08.jpg

Си ја комплицирате работата со пресата за лук

Многумина уште го чистат лукот пред да го стават во преса. Сепак, лушпите нема да паднат во јадењето и ако не ги исчистите претходно.

sekojdnevni-kujnski-uredi-koi-gi-koristite-nepravilno-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Совети за чистење и одржување на мебелот од ратан, кој е хит за тераса и двор Погрижете се добро да го исушите мебелот за да спречите оштетување од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg