6 ефективни начини да се ослободите од непријатниот мирис во кујната

Ако сте љубител на готвењето, тоа е одлично, но сигурно знаете дека со тоа кујната многу побрзо добива непријатни мириси од различните намирници, пржени јадења или остатоци од храна.

6-efektivni-nachini-da-se-oslobodite-od-neprijatniot-miris-vo-kujnata-01.jpg

Понекогаш, ако сте по цел ден дома, се случува и да не забележите непријатен мирис бидејќи сте се навикнале, но ако некој влезе од надвор, веднаш ќе почувствува.

Кромид, лук, манџа, пржени компири и уште многу други работи кои останале во фрижидерот може да предизвикуваат не баш пријатен мирис во кујната, кој дури може да се рашири и кон другите простории.

Ако не сакате целиот дом да ви мириса на храната која ја готвите или стои во фрижидерот, искористете ги следниве трикови:

Проветрете ја кујната

Отворете ги прозорите или вратата 5-10 минути, а може да го пуштите и аспираторот да дува. Комбинацијата на повеќе мириси дава непријатен ефект, па затоа е добро воздухот да циркулира и кујната да се проветри.

6-efektivni-nachini-da-se-oslobodite-od-neprijatniot-miris-vo-kujnata-02.jpg

Изолација

Пред да почнете да готвите, затворете ја вратата од кујната која ве дели од другите простории. Секако ова важи за тие кујни кои не се отворени.

На тој начин ќе го лимитирате непријатниот мирис само во тој дел од домот, а потоа тој ќе излегува надвор. Иако сите го знаете ова, сепак многу често го заборавате.

6-efektivni-nachini-da-se-oslobodite-od-neprijatniot-miris-vo-kujnata-03.jpg

Загрејте оцет

Земете чаша вода, 1 лажица оцет и ставете ги да се варат. Овој едноставен метод ефективно ги апсорбира сите непријатни мириси. За поубав мирис, можете да додадете неколку парчиња портокал или лимон со кора.

6-efektivni-nachini-da-se-oslobodite-od-neprijatniot-miris-vo-kujnata-05.jpg

Путер, шеќер и цимет

Ставете малку путер, шеќер и цимет во загреана рерна. Овој трик брзо ќе го исполни домот со мирис на печен десерт со прекрасен вкус. Не се изнендувајте ако ве прашаат каде е колачот.

6-efektivni-nachini-da-se-oslobodite-od-neprijatniot-miris-vo-kujnata-04.jpg

Тегла кафе каде што доаѓа непријатниот мирис

Природниот освежувач на воздух се наоѓа помеѓу намирниците кои секојдневно ги користите. Ставете отворена тегла со кафе или сода на местото од каде што доаѓа миризбата и ќе се рашири прекрасен мирис со арома на кафе, наместо на готвени јадења.

6-efektivni-nachini-da-se-oslobodite-od-neprijatniot-miris-vo-kujnata-06.jpg

Запалете свеќа

Едноставно и ароматично. Препорачливо е да земете свеќа со мирис на ванила или цимет. Не само што ќе рашири прекрасна миризба, туку и ќе го направи домот пријатно место за уживање.

6-efektivni-nachini-da-se-oslobodite-od-neprijatniot-miris-vo-kujnata-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
7 работи поради кои кујната секогаш ќе ви делува хаотично Мијалник кој мириса непријатно и во совршено уредена кујна, премногу магнети на ...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
Трикови со кои во кујната сè ќе ви биде како „под конец“ Чистете ја корпата за отпадоци со парче лимон и искористете ја внатрешноста од в...
7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg