5 тајни за перење на облеката кои ги откриваат хотелите со 5 ѕвездички

Кој не сака да ужива во чиста, мека и најважно од сè – облека која ќе мириса нежно и парфимирано како омилениот омекнувач?

5-tajni-za-perenje-koi-gi-otkrivaat-hotelite-so-5-zvezdi-01.jpg

Сепак, честопати правиме многу грешки кога се работи за нешто навидум толку едноставното како перењето облека. Така завршуваме со згужвани, обоени ткаенини кои не мирисаат ни малку пријатно.

Но, персоналот кој работи во хотелите со 5 ѕвездички откри неколку тајни кои се однесуваат на одржувањето на облеката и постелнината:

Правилно полнење на машината за перење алишта

Идеално, машината треба да се полни до 80% од нејзиниот капацитет. Ако ја преполните, облеката нема добро да се испере. Кога барабанот на машината е премал, не ја преполнувајте, бидејќи облеката нема да може добро да се изврти внатре и само ќе биде накисната со вода и прашок за перење.

tenisko-topce-za-meki-krpi-5-tajni-za-perenje-alista-koi-gi-otkrivaat-hotelite-so-5-zvezdi-02.jpg

Потребна температура на водата

Оптималната температура за перење се смета дека е од 40-60 степени целзиусови. Температурата од 60 степени е доволна за парчињата облека да бидат дезинфицирани и истовремено да се отстранат дамките.

Ако водата е поладна, нема да се отстранат бактериите, а ако е потопла ризикувате крпите и чаршафите да се оштетат од високата температура и да пуштат боја доколку не се бели.

tenisko-topce-za-meki-krpi-5-tajni-za-perenje-alista-koi-gi-otkrivaat-hotelite-so-5-zvezdi-03.jpg

Правилен начин на перење

Наместо да користат омекнувач кој со тек на времето се акумулира и ги прави крпите потешки, хотелскиот персонал користи алкохолен оцет. Додајте 100 ml оцет и вашите крпи и долна облека ќе бидат меки, а истовремено оцетот ќе го отстрани вишокот на прашок кој не се растопил во водата.

tenisko-topce-za-meki-krpi-5-tajni-za-perenje-alista-koi-gi-otkrivaat-hotelite-so-5-zvezdi-04.jpg

Како да победите во битката со дамките?

Свежи дамки од масло: Покријте ги со шеќер или густин, а потоа само исперете ја ткаенината.

Траги од доматен сос или кечап: Овие дамки може да се отстранат со хемикалијата WD-40 која може да се најде во секоја продавница за алати. Испрскајте ја дамката со WD-40 и оставете да делува 5-10 минути, а потоа исперете во ладна вода.

Дамки од пот на бела облека: На машината за перење вклучете пред-перење со било каков прашок за перење, а потоа за основниот циклус за перење употребете белило (варикина).

Дамки од вино и кафе: Потопете ја облеката или чаршафите 1 час во вода со сол (една супена лажица сол на литар вода), а потоа исперете ги.

Пожолтени бели ткаенини: Додајте половина шолја сода бикарбона со половина шолја прашок за перење и исперете ги ткаенините во жешка вода. Ова ќе ја отстрани жолтата боја и непријатните мириси.

tenisko-topce-za-meki-krpi-5-tajni-za-perenje-alista-koi-gi-otkrivaat-hotelite-so-5-zvezdi-05.jpg

tenisko-topce-za-meki-krpi-5-tajni-za-perenje-alista-koi-gi-otkrivaat-hotelite-so-5-zvezdi-06.jpg

Сушење на алиштата

Експертите препорачуваат секогаш кога е можно облеката да се суши надвор на сонце. Доколку морате да користите машина за сушење, тогаш ставете топче за тенис во барабанот, за вашите крпи да бидат меки и воздушести.

tenisko-topce-za-meki-krpi-5-tajni-za-perenje-alista-koi-gi-otkrivaat-hotelite-so-5-zvezdi-07.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg