Трикови стари 100 години, кои и денес ќе ви се најдат

Во 1910-та година, компанијата „Gallaher Ltd.“ објавиле 100 карти со животни трикови кои можат и ден денес да ни се најдат.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-01.jpg

А, ова се некои од најинтересните трикови:

1. Како пресечените цветови да траат подолго?

Ставете ги во жешка вода. Додека истата се олади, цветовите ќе живнат и подолго време ќе траат.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-1.jpg

2. Како да миете шишиња?

Наполнете го шишето со вода и песок и протресете го најсилно колку можете.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-2.jpg

3. Како да ги отстраните дамките од мастило?

Ставете го материјалот кој е извалкан во млеко. После некое време дамката сама ќе се отстрани.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-3.jpg

4. Како да видите дали креветот е влажен?

Ставете мало огледало меѓу чаршафите. Ако после некое време се замагли, тогаш дефинитивно треба проветрување.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-4.jpg

5. Како да сварите скршени јајца?

Доволно е да додадете оцет во водата во која ќе ги варите.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-6.jpg

6. Како да тестирате путер?

Протријте малку путер на парче хартија и истото запалете го. Чистиот путер мириса пријатно, а маргаринот не.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-7.jpg

7. Како да извадите парче стакло или парче дрво?

Наполнете мало шише со жешка вода и притиснете го на местото. Кога водата ќе се олади сама ќе го извлече парчето стакло или дрво од кожата.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-8.jpg

8. Како побрзо да помине истегнување?

Покријте го зглобот или мускулот со мокра крпа.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-9.jpg

9. Како да држите потежок сад?

Правилниот начин е како на сликата подолу од десно.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-10.jpg

10. Како да одвоите заглавено стакло?

Најдобар начин да ги одвоите е горното да го наполните со студена вода, а долното да го потопите во жешка вода.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-11.jpg

11. Како да запалите чкорче на ветер?

Направете неколку странични засеци за огнот побавно да гори.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-12.jpg

12. Како да сварите највкусни компири?

Додадете шеќер и сол во водата во која ги варите.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-13.jpg

13. Како да пресечете свеж леб?

Потопете го ножот во жешка вода.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-14.jpg

14. Како вазните да не ви се кршат?

Наполнете ги со песок.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-15.jpg

15. Како јајцата подолго време да бидат свежи?

Чувајте ги во сол и на суво место.

trikovi-stari-100-godini-a-i-denes-kje-vi-se-najdat-16.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg