Предмети кои забораваме, а треба редовно да ги чистиме
Се наближува времето кога сите се одлучуваме за пролетна чистка во домот. Тогаш има неколку предмети во домот кои решаваме темелно да ги исчистиме, но на други пак, забораваме.
Некои предмети речиси секогаш забораваме да ги исчистиме, а треба тоа да го правиме, дури и почесто отколку што мислиме.
Еве кои се тие предмети:
Кваките во домот
На нив целосно забораваме, а доста често ги допираме и на нив се собираат бактерии. Кваките наједноставно можете да ги исчистите со универзално средство и микрофибер крпа. Дури и влажните марамчиња се корисна идеја.
Ролетните
Ролетните се место за собирање не прашина, па важно е барем еднаш месечно да ги чистите. Најдобро можете да ги исчистите со едноставно средство од вода и еден дел јаболков оцет.
Кантите за отпадоци
Миризбата останува и кога ќе го фрлите ѓубрето? Не е чудно. Во кантите се собираат бактерии, па морате да ги чистите редовно.
Машините за миење садови и перење на облека
Звучи нелогично? Ама и машините треба повремено да ги чистите. Како? Прво исчистете ги со оцет, а потоа направете раствор од 4:1 оцет и сода бикарбона и со тоа средство пуштете ја машината на највисоката можна температура.
Садот каде ги чувате четките за заби
Да, и тука, од влагата кога често се појавува во тоалетот, се собираат бактерии и габи, па потебно е почесто да го миење или ако употребувате чаша, барем еднаш месечно да ја менувате со нова.
Завесата од тушот
На неа се собираат многу габи во долниот дел каде постојано е во контакт со вода, па добро е повремено да ја перете. Како? Со сода бикарбона и сунѓер.
Далечински управувачи и мобилни
Ова се предмети кои доста често ги фаќате со раце и на нив се собираат многу бактерии, па морате почесто да ги пребришувате со средства за дезинфекција.
Мрежи на прозорите
На мрежите се собира прашина, па добро е да ги вадите и повремено да ги миете со вода и малку сјај за миење садови.
Рамки за фотографии и слики
На рамките се собира многу прашина, па добро е да ги чистите, со крпа или со стапчиња за уши, ако рамките се мали.
Чанти
Ако нема многу отпадоци во чантата, доволно е да ја исчистите со средство со алкохол и крпа, ако пак, во чантата има насобрано многу отпадоци, можеби е време и да ја исперете.
Средствата за чистење
Верувале или не, и средствата за чистење треба повремено да ги чистите.
Н. Г. | Црнобело