Го заборавивте клучот во автомобил, немате отворач? 6 трикови, за 6 непријатни ситуации

Понекогаш знаат да се појават некои мали но непријатни проблеми кои ни го нарушуваат доброто расположение.

6-soveti-kako-da-se-izvlecete-od-neprijatni-situacii-00

На секого барем еднаш сигурно му се случило да си ги заборави клучевите во автомобилот и да не може да влезе во него.

Сепак добрата вест е што и за таквите проблеми постојат генијални трикови со чија помош веднаш ќе го решите проблемот.

1. Како да го отворите автомобилот ако клучевите ви се внатре?

Земете врвка од патики и на едно место врзете јазол како тој на сликата. Потоа повлечете ја врвката лево-десно на аголот од вратата за да може јазолот да влезе внатре. Штом влезе внатре поставете го врз копчето за отворање и само повлечете.

6-soveti-kako-da-se-izvlecete-od-neprijatni-situacii-01

6-soveti-kako-da-se-izvlecete-od-neprijatni-situacii-02

2. Како да отворите катанец ако бравата е замрзната?

Само загрејте го клучот со запалка. Доколку постапката не ви успее од прва обидете се повторно.

6-soveti-kako-da-se-izvlecete-od-neprijatni-situacii-03

3. Како да се качите во трговскиот центар без лифтот да запира на секој кат?

Ако навистина се брзате и се работи за нешто итно можете да го држите копчето за затворање на вратите цело време и лифтот автоматски нема да застане. Сепак, не го злоупотребувајте ова кога навистина не ви е потребно.

6-soveti-kako-da-se-izvlecete-od-neprijatni-situacii-04

4. Како да го проверите квалитетот на бензинот на самата бензинска станица

Ставете неколку капки бензин на бела хартија. Потоа дувнете неколку пати за да го забрзате испарувањето. По сушењето бензинот треба да остави одвај видливи траги на хартијата. Ако останат темни дамки тогаш се работи за бензин со лош квалитет.

6-soveti-kako-da-se-izvlecete-od-neprijatni-situacii-05

5. Како да отворите вино на пикник ако немате отворач?

Потпрете го шишето на ѕид или дрво. Задниот дел завиткајте го со крпа и удирајте со него сè додека тапата не излезе до пола. Потоа само внимателно извлечете ја со прстите.

6-soveti-kako-da-se-izvlecete-od-neprijatni-situacii-06

6. Како да немате траги од кармин на облеката?

Поделете ја салфетката на слоеви. Земете го најтенкиот слој и ставете го преку усните. Нанесете тенок слој пудра со четката и тргнете ја хартијата.

6-soveti-kako-da-se-izvlecete-od-neprijatni-situacii-07

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg