Практични совети: Со вотка до почисти прозори, посредена коса и свежа постелнина

Ако мислите дека единствената последица од евтиното вино, виски, шише вотка или пиво е мамурлакот, сте се излажале.

12-nacini-kako-da-gi-iskoristite-starite-alkoholi-bez-da-patite-od-mamurlak-01.jpg

Наместо да ги фрлате шишињата евтин алкохол или да ги пиете, па утредента да паѓате од главоболка, ви предлагаме 16 алтернативни решенија:

1. Светнете ги предметите од метал и хром

Алкохолот е совршен за полирање на металните површини, од чешма, до туш. По полирањето само пребришете со влажна крпа за домот да не ви мириса на кафана.


2. Освежете ја постелнината

Распрскајте растворена вотка во вода преку пешкирите, ќебињата и постелнината која има чуден мирис и освежете ги за неколку минути.


3. Нахранете ги цвеќињата

Шеќерите и минералите од пивото може да го забрзаат растот на цвеќињата. Ставајте по неколку капки секој ден и воочете ја разликата.

12-nacini-kako-da-gi-iskoristite-starite-alkoholi-bez-da-patite-od-mamurlak-03.jpg

4. Исчистете ги прозорите

Комбинацијата од евтина вотка, вода и стари весници е сè што ви е потребно за чисти прозори.


5. Продолжете го рокот на траење на свежото цвеќе

Помешајте малку вотка со 1 лажица шеќер или сода бикарбона и ставете ја мешавината во вазата со вода. Потоа вратете го букетот и очекувајте да ви потрае барем уште 1 недела.


6. Ослободете се од мирисот од даската за сечење

Избришете ја даската со малку виски за да го неутрализирате мирисот на кромид.

12-nacini-kako-da-gi-iskoristite-starite-alkoholi-bez-da-patite-od-mamurlak-04.jpg

7. Заштитете се од муви и комарци

Напрскајте се со малку вотка и сите инсекти ќе бегаат од вас.


8. Исчистете го накитот

Потемнетото сребро може да го исполирате со џин. Потоа само добро исплакнете и исушете.


9. Смирете ја косата

Помешајте неколку капки вотка во балсамот за коса за да ги скротите непослушните влакна.


10. Направете совршена кора

Какво тесто и да правите, ако додадете едно капаче вотка во него, ќе добиете совршено крцкаво тесто за кори.

12-nacini-kako-da-gi-iskoristite-starite-alkoholi-bez-da-patite-od-mamurlak-05.jpg

11. Хидрирајте ја кожата

Црвеното вино е полно со антиоксиданси кои позитивно влијаат на кожата. Искористете го преостанатото вино како тонер и нанесете го на лицето со памук или ставете го во својата купка за да ја омекнете кожата на телото.


12. Отстранете ги масните флеки

Комбинацијата од бело вино и сода бикарбона има моќ да ги отстрани дури и најмасните флеки.

Би можело да ве интересира:

7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...
Како најлесно да ги средите фиоките со облека (и да се ослободите од хаосот)? Ако наутро најпрво вежбате, можеби хеланките и спортските градници треба да ви б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg