5 трикови за чистење на чевлите од превртена кожа
Чевлите од превртена кожа можеби се удобни, пријатни и квалитетни, но се најтешки за чистење, посебно во зимскиот и есенскиот период кога ги носите речиси секојдневно.
Затоа што секој пар чевли од превртена кожа си бара посебна нега, потребни ви се само 5 трикови со кои ќе останат како нови.
Гумичка од молив
Овој трик е идеален за гребаниците. Со гумичката од моливот истријте ја гребаницата или излитената флека и со рака отстранете ги трошките кои ќе ги остави на кожата.
Турпија за нокти
Овој трик се однесува на тврдите флеки од кал, кои со текот на времето се засушиле на материјалот. Оставете ја калта да се исуши, а потоа со турпија за нокти нежно протријте ги флеките се додека калта не се претвори во прав и отпадне.
Вода
Капките вода на превртената кожа може да остави темни флеки. Овој проблем можете да го решите лесно. Натопете ја крпата во млака вода и пребришете ги целите чевли. Бојата привремено ќе потемни, но кога кожата ќе се исуши ќе се врати нормалната нијанса, а флеката ќе исчезне.
Четка за заби
Превртената кожа по честото носење може да изгледа износено. Со стара четка за заби нежно исчеткајте ги чевлите и тоа во спротивна насока од сами „влакна.“
Алкохолен оцет
За темните флеки на превртената кожа употребете го овој трик. Пред да почнете со чистење, на скриено место покрај ѓонот истурете алкохолен оцет и оставете го да се исуши. Ако капката не остави никаква трага, продолжете ја постапката. Натопете парче ткаенина во оцет и со неа нежно потопете ја флеката додека не се намокри, оставете ја кратко да отстои, па пребришете со сува крпа.