5 Трикови за брзо и едноставно чистење од снаодливите домаќинки

Советите од искусните домаќинки се секогаш добредојдени, веројатно и самите веќе знаете дека токму малите трикови го олеснуваат животот.

5-trikovi-za-brzo-i-ednostavno-cistenje-od-snaodlivite-domakjinki-1

Секоја домаќинка знае дека за овие задачи треба да одвои многу време, но сепак постојат начини да истите да ги завршите и да имате повеќе слободно време за себе.

Ако до сега овие работи биле последни на листата за чистење, од сега тие ќе ви бидат први:

1. Брзо отстранување на дамки

Дамките се отстрануваат на најразлични начини, но проблемот кај тие начини е што често одземаат многу време и потребни се разни хемикалии за да се исчистат. Кога треба да делувате брзо, послужете се со она што сите го имаме во тоалетите: пената за бричење.

Прво навлажнете ја дамката со малку вода со помош на мокра крпа, а потоа нанесете пена за бричење и оставете ја да делува 10тина минути. Измијте со ладна вода и дамката ќе исчезне.

2. Алуминиумска фолија за чистење на огноотпорни садови

Во текот на печењето, на огноотпорните садови се собираат јаки наслаги од храната, па ако во моментот немате жица, послужете се со алуминиумска фолија. Направете топче од фолијата и со помош на детергент за садови и вода измијте го садот.

3. Лимон за чистење на даските за сечење

Сокот од лимон е магичен кога треба да се исчистат дрвените или пластичните даски за сечење. Земете еден лимон, исечете го на половина и едната половина исцедете ја на даската, а потоа со сунѓерче малку зачистете ја даската во кружни движења и оставете ја така 20тина минути. Потоа измијте ја со вода и вашата даска е подготвена за нови кулинарски предизвици.

4. Гумени ракавици за собирање на влакна од домашен миленик

Кога доаѓа периодот на митарење, сигурно не сте среќни што насекаде гледате влакна од вашиот домашен миленик. Наместо да се нервирате што не сте успеале да ги соберете сите влакна со помош на правосмукалката, пробајте го ова едноставно и брзо решение. Ставете гумени ракавици и со рацете поминете на местата каде има влакна. Проблемот ќе го решите за кратко време, а вашиот дом ќе биде чист. 

5. Чистење на прашина од вентилатори и лустери

Чистењето на прашината од лустерот е често непријатно, поради фактот што токму ние ја голтаме прашината од лустерите која паѓа по нас и насекаде низ домот. Наједноставниот трик е да се послужите со навлака за перница, навлечете ја на лустерот и со помош на неа исчистете ја прашината. Внимателно соберете ја, а потоа истресете ја од прашината и исперете ја темелно. 

Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg