Зошто и колку често треба да го чистите филтерот на клима уредот?
Чистењето на филтрите во клима уредот е клучна задача што треба внимателно да се извршува во периодични интервали. Зошто е важно да не заборавате да го исчистите филтерот на вашиот клима-уред?
Дали сте наишле на ситуација кога го вклучувате клима уредот и чувствувате како да не работи доволно добро?
Па се прашувате зошто просторијата не е доволно изладена... Зарем ова лето е пожешко? Па потоа се мачите со приспособување на режимите на далечинскиот управувач, но не наоѓате соодветен одговор.
Ваквата состојба може да настане од повеќе работи, меѓу кои и чистењето на филтерот за воздух.
Зошто е важно да се чисти филтерот за воздух на клима уредот?
Чистењето на филтрите во клима уредот е клучна задача што треба внимателно да се извршува во периодични интервали.
Зошто е важно да не заборавате да го исчистите филтерот на вашиот клима-уред?
Поголема ефикасност. Имајќи почист филтер, вие ќе го заштитите другиот дел од клима уредот и ќе му овозможите подобар проток на воздух, а со тоа и намалена потрошувачка на енергија.
Подобра удобност. Загадениот филтер не може да придонесе да ја постигнете посакуваната температура во собата.
Квалитет на воздухот. Нечистиот филтер може да придонесе за тоа воздухот да мириса на мувла, претворајќи ја вашата просторија во непријатна средина, со неквалитетен воздух.
Здравје. Мувлата која може да се појави на филтерот, не само што ќе доведе до непријатен мирис во собата, туку ќе го загрози и вашето здравје.
Личностите кои престојуваат во простории каде што е присутна мувлата се изложени на поголем ризик за респираторни инфекции, алергии и астма.
Животен век на клима уредот. Со текот на времето, не само што ќе се затнува филтерот, туку прашината и нечистотиите поминуваат и во другиот дел од клима уредот.
Ако ова се остави подолг период, тогаш може да се појават дефекти кои ќе ве чинат дополнителни пари. Исто така ќе се скрати и животниот век на вашиот уред.
Колку често треба да го чистите филтерот за воздух на клима уредот?
Многу експерти препорачуваат да ги чистите филтрите на клима уредите еднаш на секои 3 месеци, за да бидете сигурни дека нема да вдишувате штетни загадувачи.
Сепак, оние кои се подложни на алергии треба почесто да го проверуваат филтерот, а во некои случаи да повикаат и стручна помош за негово целосно менување.
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com