Едноставен трик со 2 состојки за најлесно да ги исчистите жолтите дамки од перниците

Колку и да внимавате на хигиената, пожолтувањето на перниците е неизбежно. Но, знаете ли што го предизвикува? И уште поважно - како да ги отстраните дамките?

ednostaven-trik-so-2-sostojki-za-najlesno-da-gi-ischistite-zholtite-damki-od-pernicite-01.jpg

Навлаките на перниците ги менувате на неколку дена, се грижите постелнината да ви биде чиста, но сепак, по некое време забележувате дека перниците почнуваат да пожолтуваат. Знаете ли зошто ја менуваат бојата и како да ги отстраните непријатните жолти дамки?

Експертите се согласни дека причината за пожолтувањето на перниците е потењето. А кога потта ќе пробие низ навлаката и ќе дојде до самата перница, таа почнува да ја менува бојата и да станува жолта.

Колку повеќе се потите, толку полесно се создаваат дамките (што е особено изразено преку лето или среде зима ако спиете во просторија во која е многу жешко).

ednostaven-trik-so-2-sostojki-za-najlesno-da-gi-ischistite-zholtite-damki-od-pernicite-04.jpg

Освен потта, жолтите дамки на перницата можат да се појават и поради мрсна коса.

Жолтите дамки може да ги предизвикаат и производи за нега на кожата или одредени типови на шминка.

Еден начин да ја заштитите перницата од пожолтување е да ставите водоотпорна заштита врз самата перница, пред да ја ставите навлаката.

ednostaven-trik-so-2-sostojki-za-najlesno-da-gi-ischistite-zholtite-damki-od-pernicite-02.jpg

Но, ако перницата веќе има жолти дамки, како да ги исчистите?

Многу е важно да не дозволувате темните дамки да останат долго на перницата, па штом забележите дека се појавуваат, веднаш да ги отстраните.

Исто така, треба да ја перете перницата барем двапати годишно, без оглед на тоа дали е чиста или има дамки на неа.

Но, ако сакате перницата да ви биде беспрекорно чиста, тогаш тајната е во домашната смеса од сода бикарбона и вода.

ednostaven-trik-so-2-sostojki-za-najlesno-da-gi-ischistite-zholtite-damki-od-pernicite-03.jpg

Што треба да направите?

Ставете 2 лажици сода бикарбона во филџан и растворете ја со многу малку вода.

Со смесата поминете преку дамките, па убаво истријте ги и оставете да отстои барем 20 минути.

Исплакнете ја перницата со студена вода, па дури потоа ставете ја во машина за перење, па по перењето таа ќе биде како нова.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во закршена чиниј...
Зошто, колку често и како правилно да го исчистите тостерот? Трошките и другите остатоци со текот на времето може да се насоберат во тостерот...
Совети за чистење и одржување на мебелот од ратан, кој е хит за тераса и двор Погрижете се добро да го исушите мебелот за да спречите оштетување од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg