Чистење на чевли и уште 6 трикови за што да ги употребите лушпите од овошјето и зеленчукот во домот
Знаевте ли дека поради калиумот што го содржи, лушпата од банана е одлична за чистење и полирање на чевлите? Треба само да ги истриете кожените чевли со внатрешниот дел од лушпата.
Лушпите од многу овошја и зеленчуци можат да ви бидат корисни за разни ситници во домот.
Неколку идеи како да ги искористите:
Лушпа од банана
Поради калиумот и другите природни состојки, лушпата од банана е одлична за чистење кожени чевли.
Треба само да ги истриете чевлите со внатрешниот дел од лушпата.
Лушпа од авокадо
Авокадото е богато со антиоксиданти и витамини како Ц и Е. Поради ова, може да биде одлично за кожата.
Доволно е само да ги измасирате рацете и нозете до внатрешниот дел од лушпата, оставете да делува, па истуширајте се како вообичаено.
Лушпа од лимон
Лушпата од лимон (или лимета) може да ви помогне да се ослободите од непријатниот мирис на дланките, како по сечење кромид.
Може да помогне и во отстранувањето тврдокорни дамки од садови.
Ако, пак, ја зовриете во вода со цимет, можете да си направите освежувач за воздух.