Кога личноста е под стрес, дишењето станува, плитко, брзо и се одвива високо на ниво на градите. Наспроти тоа, кога има опуштеност, се дише потполно и подлабоко, од стомакот. Тоа дишење се вика абдоминално и доведува до длабоко релаксирање на телото и стишување на умот. Овој тип на дишење има повеќе бенефити, а редукцијата на стресот е еден од најголемите, кој на сите некогаш ни е потребен.