Што сè треба да знаете за недостатокот од протеини во организмот?

Што се протеини, која е нивната улога, кога настанува недостаток и која храна е богата со нив – погледнете што треба да знаете за недостатокот од протеини во организмот.

shto-se-treba-da-znaete-za-nedostatokot-od-proteini-vo-organizmot01.jpg

Сите сме слушнале за протеини – хранливата материја која најчесто ја добиваме од продуктите со животинско потекло. Ако сте веган или вегетаријанец, веројатно доста често ви викале дека не внесувате доволно протеини, но колку од ова е вистина? Дали недостатокот од протеини може да се појави и кај луѓето кои јадат месо и која е причината за тоа?

Во продолжение погледнете сè што треба да знаете за недостатокот од протеини:

Која е улогата на протеините?

Протеините се комплексни молекули кои имаат голем број важни улоги во телото. Тие се составени од илјадници помали делови, познати како аминокиселини, кои се поврзани едни со други како синџир. Постојат 20 различни аминокиселини, кои со комбинација можат да создадат протеин. Аминокиселините ја одредуваат структурата на протеинот, како и неговата улога во организмот.

Така, постојат различни протеини со различни функции. На пример, хормоните за раст се всушност протеини, кои пренесуваат сигнали со кои се координираат биолошките процеси помеѓу клетките, ткивата и органите. Имуноглобинот, пак, е антитело кое може да се сврзе со страни честички, како вируси и бактерии, со тоа штитејќи го организмот.

shto-se-treba-da-znaete-za-nedostatokot-od-proteini-vo-organizmot-02.jpg

Што претставува недостатокот од протеини во телото и зошто се појавува?

Недостатокот од протеини претставува состојба при која на телото му недостасуваат една или повеќе од потребните аминокиселини. Најчесто ова се случува кога личноста не внесува доволно храна богата со протеини, но некогаш причината е и некој здравствен проблем, како Кронова болест или целијакија – нарушувања кои го попречуваат апсорбирањето на хранливите материи од храната.

Количеството протеини што треба да го внесете во текот на денот зависи од вашата возраст, здравствената состојба и нивото на активност. Препорачаната дневна доза за возрасни е околу 0,8 грама протеини за 1 килограм.

Односно, личност која тежи 75 килограми, би требало да внесе околу 60 грама протеини дневно. Луѓето кои се физички поактивни, како спортисти и бодибилдери, треба да внесуваат поголемо количество протеини. Секако, сето тоа во консултација со стручно лице.

shto-se-treba-da-znaete-za-nedostatokot-od-proteini-vo-organizmot-03.jpg

Симптоми за недостаток до протеини

Недостатокот од протеини може да предизвика разни симптоми, кои зависат од сериозноста на проблемот.

Оние со поблага форма на нарушувањето, најчесто искусуваат:

  • Зголемен апетит
  • Слабост
  • Замор

Оние кои имаат сериозен проблем со недостаток од протеини можат да почувствуваат:

  • Намалена мускулна маса и мускулна атрофија
  • Проретчување на косата
  • Кршливи нокти
  • Сува кожа којашто се лупи
  • Зголемен ризик од скршеници на коските
  • Проблеми со растот и развојот кај деца

shto-se-treba-da-znaete-za-nedostatokot-od-proteini-vo-organizmot-04.jpg

Третмани и извори на протеини

Ако забележите некој од горенаведените симптоми, треба да одите на лекар, каде што по консултација со доктор, ако има потреба ќе ви направат тест и ќе се утврди дали навистина имате недостаток од протеини. Најчесто лекарите препорачуваат консумирање храна богата со протеини или, ако причината е некој здравствен проблем, ќе добиете третман за тоа.

Веројатно сте слушнале дека месото е најдобриот извор на протеини, што е вистина, но постојат бројни други намирници:

  • Јаткасти плодови и семиња, како бадеми, индиски ореви, ф’стаци, чиа и ленено семе
  • Зрнести плодови, како леќа, грав и наут
  • Јајца
  • Морска храна
  • Млечни производи
  • Тофу
  • Соја
  • Некои видови зеленчук, како брокула, спанаќ, аспарагус, прокељ и сладок компир

shto-se-treba-da-znaete-za-nedostatokot-od-proteini-vo-organizmot-05.jpg

Протеини и вегани/вегетаријанци

Веганите и вегетаријанците често се сметаат за ризична група кога станува збор за недостаток од протеини. Причината за ова е тоа што најчестите извори на протеин се продуктите од животинско потекло. Но, ова не значи дека секој веган/вегетаријанец ќе се соочи со ваков проблем.

Истражување од 2013-та покажало дека оние кои не јадат месо и храна од животинско потекло можат да ја добијат препорачаната дневна доза протеини од храна со растително потекло, како продуктите што ги наведовме погоре.

Ако сте веган/вегетаријанец важно е да се храните разновидно и да внесувате повеќе намирници богати со протеини. Уште подобро ако се консултирате со лекар или нутриционист.

Ако, пак, забележите кој било од симптомите, без разлика дали јадете месо или не, најдобро е да се консултирате со лекар.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg