6 работи кои му се случуваат на телото во зима
Дали сте знаеле дека ниските температури повеќе ви го дехидрираат телото, отколку високите?
Неколку работи кои му се случуваат на телото во зима, а не сте свесни за нив:
1. Јазикот ви „работи“ повеќе од вообичаено
Ниските температури ви ги сушат усните, па затоа јазикот повеќе ви „работи.“ Но, како што плунката се суши – ги остава усните уште посуви од претходно и тоа е круг кој не престанува.
2. Може да почувствувате болка во забите без причина
Дури и да немате кариес или оштетување на забот, може да почувствувате болка во одреден заб, кога температурите надвор се пониски. Стоматолозите препорачуваат да завиткате топол шал околу вратот и устата и поретко да дишете на уста.
3. Нивото на шеќер во крвта се покачува
Ниските температури понекогаш му прават стрес на телото, па тоа може да го покачува шеќерот во крвта. Исто така, влијае и пореткото движење.
4. Во зима се формираат повеќе брчки
Не можеме комплетно да ги обвиниме ниските температури, но кожата е поподложна на брчки кога надвор е ладно и суво. Секако, не значи дека секогаш се случува ова.
5. Видот може да ви се влоши
Очите се поизложени на ризик во зима, отколку во лето. Чувствителни се на сончевите зраци, сувиот воздух, ветерот… Секако, и ова не го земајте „здраво за готово“, ова се исклучоци.
6. Телото полесно и почесто е дехидрирано
За разлика од летото, во зима, многу поретко и помалку пиеме вода. Но, тоа што не сте жедни, не значи дека на телото му треба помалку вода.
Напомена: Ова се работи кои постои можност да се случат кај некои луѓе, но не значи дека со сигурност се случуваат во секое тело во текот на зимата.
М. Д. | Црнобело