5 нови работи кои ги научивме за корона вирусот овој јануари 2021

Сите знаеме дека корона вирусот е релативно нов вирус и во медицинскиот свет уште важи за недоволно истражен.

5-novi-raboti-koi-gi-nauchivme-za-korona-virusot-ovoj-januari-2021-001.jpg

Тешко е да следиме што е вистина, а што мит, кои насоки да ги следиме, а кои да ги игнорираме, со оглед на тоа што ситуацијата се менува од ден на ден.

Поради тоа, ви ги пренесуваме 5 нови информации кои ги научивме овој јануари за корона вирусот:

1. Постои нов тип на вирус

Всушност, постојат неколку, позаразни, видови на корона вирус, а моментално светот се обидува да се заштити од британската мутација која е 56% позаразна од обичниот корона вирус. Ги има истите карактеристики како и досегашниот.

Во овој момент се смета дека постоечките вакцини се делотворни против новите типови на корона вирусот.

На 27-ми јануари, Министерот Филипче потврди дека овој нов сој е детектиран и кај нас.

2. Алергиските реакции од вакцината се можни – но, ретки

Алергиските реакции на вакцината на Pfeizer и Moderna против корона вирусот се реткост, но за секој случај се препорачува да се почекаат 15 минути по вакцинирањето, како би се следела состојбата на пациентот.

Се советуваат сите кои реагирале на другите вакцини кои ги примиле до сега, да се консултираат со матичниот лекар пред да ја примат вакцината против корона вирус.

3. Луѓето кои се вакцинирани можат и понатаму да бидат заразни?

Со оглед на тоа што темпото за развој на вакцината беше брзо, не е до крај испитано дали оние кои ќе ја примат вакцината и понатаму се заразни за околината.

Се советува и понатаму да држиме дистанца и да носиме маски, барем додека не пројдат 20 дена од втората вакцинација против корона вирусот.

4. Американците сметаат дека трудниците и доилките треба да се вакцинираат

Во декември минатата година Американскиот колеџ на акушери и гинеколози ги даде првите официјални упатства за вакцинација против корона вирус за жените кои се бремени или дојат.

Заклучокот беше дека и покрај тоа што не е правено истражување на оваа група на жени, треба да се вакцинираат. Сепак, мислењата се поделени.

5. Вирусот може да продре директно во мозокот

Вистина е дека секој ден имаме многу повеќе информации за заразноста на вирусот, па најновите истражувања велат дека вирусот може да продре директно до мозокот, не само до белите дробови.

Истражувањата „се сомневаат“ дека вирусот предизвикува низа невролошки симптоми, вклучувајќи и ковид деменција, вртоглавици и пореметување на центарот за рамнотежа. Сепак, ова не важи за сите пациенти.

Важно е да знаете дека експертите уште учат за новиот корона вирус. Овие информации се резултат од досегашните истражувања, што значи можни се промени во фактите и мерките додека научниците откриваат нови информации за вирусот.

Извор

Би можело да ве интересира:

Најопасните вируси со коишто се соочило човештвото (и дали има лек) Сигурно ви е познат вирусот SARS-CoV-2 кој е причина за пандемијата од 2019 годи...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg