Венко Филипче: Британскиот сој на корона вирусот детектиран и во Македонија

venko-filipche-britanskiot-soj-na-korona-virusot-detektiran-i-vo-makedonija01.jpgфото: freepik

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека денес, 27.01.2021, во Македонија е детектиран британскиот сој на корона вирусот.

Британскиот сој на вирусот е детектиран во приватната лабораторија на клиниката Жан Митрев во Скопје, при анализа на примероци од јануари. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен.

Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.

Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата.

Лабараторијата во болницата Жан Митрев со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата која ја проследија до МЗ, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2, пишува во објавата на министерот.

Според Центарот за контрола и превенција на болести во САД, вирусите постојано се менуваат со мутирање и новите варијанти се очекувани. Некогаш новите видови се појавуваат и исчезнуваат, а некогаш остануваат подолго. Во државите ширум светот се забележани неколку мутации на корона вирусот, вклучувајќи ја и она во Велика Британија, која сега е детектирана и кај нас.

Од CDC велат дека британскиот сој на СарсКов2, наречен и B.1.1.7, се појавил со необично голем број мутации. Овој сој се шири многу полесно и побрзо од другите. Наводно, засега нема докази дека новиот сој предизвикува посериозни симптоми, ниту дека го зголемува ризикот од смрт.

Овој сој беше првпат забележан во септември 2020-та, а сега е најприсутен во Лондон и југоисточна Англија. Оттогаш е забележан во неколку други држави, како САД, Канада, а сега и Македонија.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
„Скриениот скапоцен камен на Европа“: Според британскиот „Mirror“, Македонија е топ дестинација за 2... „Кога е во прашање туристичката посета на Европа, лесно можете да паднете во сек...
Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg