Стрес, промена на телесната тежина и уште 8 можни причини за нередовна менструацијата
Стрес, пубертет, средства за контрацепција - постојат многу можни причини за промени во менструалниот циклус и најчесто нема простор за грижа, но не ги избегнувајте редовните контроли за да бидете сигурни.
Повеќето жени и девојки се загрижени кога ќе им задоцни менструацијата, но и нејзиното подранување знае да биде загрижувачко.
Во просек, менструалниот циклус трае 28 дена, но овој број може да варира од разни фактори. Сепак, ако имате редовна менструација, сигурно ќе се загрижите ако некогаш почне порано.
Во голем број од случаите, ваквите промени не се страшни доколку се ретки и поврзани со некои од помалку сериозните причини, но следете ги промените и не ги избегнувајте редовните контроли за да бидете сигурни во вашето здравје.
Па, кои се можните причини за ова?
Стрес
Стресот влијае врз овулацијата и обично ја одложува и предизвикува доцнење на менструацијата. Интензивниот стрес влијае и врз вашите хормони, па поради тоа може да предизвика порано почнување на менструацијата.
Промена на телесната тежина
Ако драстично сте ја промениле тежината, без разлика дали сте ослабеле или сте се поправиле, тоа може да влијае врз вашите хормони, а со тоа и врз менструалниот циклус.
Наглата промена на тежината може да предизвика задоцнување, но и подранување на менструацијата.
Пубертет
Ако уште сте во пубертетските години, нормално е менструацијата да не ви биде редовна, односно да ја добивате порано или подоцна. Бидејќи телото уште е во фаза на развој, нивото на хормоните се менува и ова влијае врз менструалниот циклус. Сепак, нормална промена е од неколку дена, не подолг период.
Перименопауза
Перименопаузата обично се појавува во 40-тата година и доаѓа со цела низа хормонални промени. Жените кај кои почнала перименопаузата можат да се соочат со нередовна овулација, а ова може да предизвика пократки менструални циклуси, или доцнење и подранување на менструацијата.
Истовремено, во овој период од животот количеството хормонот прогестерон, кој се лачи со овулацијата, се намалува, а ова е уште една причина за подранета или задоцнета менструација.
Средства за контрацепција
Ако користите хормонални средства за контрацепција кои имаат естроген и прогестин и сте прескокнале една доза, многу веројатно е вашата менструација да подрани. Причината е тоа што наеднаш сте го намалиле нивото на прогестин во организмот, па почнувате да крвавите.