6 не толку познати симптоми на депресија, открива студент по медицина на TikTok
„Се борите да заспиете без телевизор затоа што комплетната тишина ве остава сами со негативните мисли“.
Закари Дерениовски е студент на медицина и мотивациски говорник од Канада, кој на TikTok има повеќе од 1 милион следбеници.
Тој на својот профил Mdmotivator често говори за менталното здравје како тема, а сега се концентрираше на депресијата и на понепознатите симптоми за депресија.
Првиот симптом кој го споменува e: „Чувствувате како да глумите, затоа што луѓето гледаат нешто поинакво од тоа што вие го чувствувате“, потоа вели: „Се борите да заспиете без телевизор затоа што комплетната тишина ве остава сами со негативните мисли“ и третиот симптом вели дека е „Пукање за работи кои се „мали“ затоа што чувствувате дека животот ви се распаѓа“.
Целта на Закари е да направи поотворено да се говори за менталното здравје.
Неговото видео:
@mdmotivator Things YOU Might NOT Know... #signs #symptoms #mentalillness #intrusivethoughts #depresionen #mentalhealthcheck #fyp #mentaldisorder #ProjectCar
-->♬ original sound - Guti
Тој сними и второ видео каде наведува уште неколку симптоми како: „Секогаш се чувствувате истоштени, немањето енергија е предупредувачки знак“, „Им се истурате на другите, лесно се иритирате и бесни сте на пријателите и на себе“ и „Се повлекувате, полесно ви е да ги оттурнете луѓето од себе и да се повлечете социјално“.
Второто видео од Закари:
@mdmotivator Secret Signs. Part 2 ❤️@fabreezy_ ##mentalhealth ##depresion ##illness ##signs ##symptoms ##warning ##psych ##InLove ##TortillaTrend ##Homemade ##mentalhealthph
♬ original sound - Guti
С. С. | Црнобело