Што ќе се случи со вашето тело ако секој ден се туширате со студена вода?

Знаевте ли дека туширањето со студена вода го поттикнува слабеењето, а може да го подобри и изгледот на вашата коса?

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-se-tushirate-so-studena-voda-01.jpg

Во топлите, летни денови, речиси и да нема нешто подобро за разладување од студен туш. Но знаевте ли дека разладувањето не е единствената придобивка?

Според досегашните истражувања, студената вода му годи на нашиот организам, па честото, речиси секојдневно туширање со студена вода носи и многу придобивки.

Дел од нив во продолжение:

Студената вода им годи на многу органи

Некои истражувања покажале дека студената вода го стимулира таканаречениот нерв луталник (познат и како вагус нерв).

Ова е еден од најдолгите нерви во нашиот организам и испраќа сигнали до мозокот, срцето, белите дробови и дигестивниот систем.

Тој е одговорен за некои моторни и сензорни функции, како чукањето на срцето, говорот, па дури и расположението.

Што значи, стимулацијата на овој нерв им годи на сите органи што се поврзани со него.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-se-tushirate-so-studena-voda-02.jpg

Ќе спиете подобро

Иако се потребни дополнителни истражувања, се верува дека студениот туш може да ви помогне да спиете подобро бидејќи ќе ви помогне да се релаксирате.

Само, немојте да се туширате со студена вода веднаш пред спиење, бидејќи сепак, студената вода може и да ве расони.

Што значи, туширањето со студена вода во текот на денот ќе ви помогне да заспиете побрзо навечер.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-se-tushirate-so-studena-voda-03.jpg

Вашата коса ќе биде поздрава

Повторно придобивка за која се потребни дополнителни истражувања, но многумина забележале дека честото туширање со студена вода ја подобрува состојбата на косата.

Постојат и некои научни истражувања според кои студената вода ја зајакнува косата.

Покрај тоа, за разлика од жешката вода, студената вода не ја суши косата и не ги отстранува мастите што ја заштитуваат.

Па, секогаш е многу подобро да ја измиете косата со студена вода, отколку со жешка.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-se-tushirate-so-studena-voda-04.jpg

Побрзо ќе ослабите

Во нашиот организам има вид масни клетки кои согоруваат кога генерираат топлина. Овој процес настанува кога телото е изложено на ниски температури, како при туширање со студена вода.

Ако се обидувате да ослабите, редовното туширање со студена вода може да ви помогне да ја стигнете целта побрзо.

Секако, студената вода не може да замени физичка активност и здрава исхрана, но може да биде од помош.

shto-kje-se-sluchi-ako-sekoj-den-se-tushirate-so-studena-voda-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Кои третмани за коса треба да ги избегнувате ако страдате од мигрена, според доктор? Екстензиите за коса се еден од неколкуте третмани кои е најдобро да ги избегнува...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg