Кои третмани за коса треба да ги избегнувате ако страдате од мигрена, според доктор?

Екстензиите за коса се еден од неколкуте третмани кои е најдобро да ги избегнувате доколку страдате од мигрена. Кои други третмани не се погодни за луѓе со овој проблем?

predizvikuvaat-machnina-vrtoglavica-i-crvenilo-koi-tretmani-za-kosa-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-stradate-od-migrena-01.jpg

Секоја жена сака да има убава и негувана коса, но за оние дами кои страдаат од мигрена, негата на коса може да доведе до вистински кошмар. 

Затоа, важно е доколку почувствувате необјасниви симптоми по одредени процедури за нега на коса, да побарате помош од вашиот лекар, советува докторката Чанди Џаин Гупта, која е дерматолог и венеролог во „Elantis Healthcare“, Њу Делхи.

predizvikuvaat-machnina-vrtoglavica-i-crvenilo-koi-tretmani-za-kosa-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-stradate-od-migrena-08.jpg

Жените кои имаат проблем со мигрена почесто од другите имаат гадење, вртоглавица, црвенило, конфузија и слични симптоми. А некои третмани за коса, можат да ги влошат овие симптоми.

На пример, третманите со кератин содржат формалдехид, кој може да предизвика иритација на очите, главоболка, вртоглавица, болки во грлото, кашлица, отежнато дишење, гадење, болка во градите, повраќање и осип.

„Несаканите ефекти најчесто се јавуваат за време или набрзо по третманот со кератин, бидејќи се користат производи кои содржат формалдехид“, изјави д-р Гупта за Healthshots.

predizvikuvaat-machnina-vrtoglavica-i-crvenilo-koi-tretmani-za-kosa-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-stradate-od-migrena-05_copy.jpg

Ако страдате од мигрена, д-р Гупта советува да ги избегнувате овие супстанции и третмани кои можат да го влошат проблемот:

- кератин

- хемиско зацрвстувањето на косата

- измазнување

- ботокс за коса

- екстензии

- PRP третман на коса против опаѓање

- трансплантација на коса

predizvikuvaat-machnina-vrtoglavica-i-crvenilo-koi-tretmani-za-kosa-treba-da-gi-izbegnuvate-ako-stradate-od-migrena-07.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg