6 тајни на Јапонците што ќе ви го продолжат животот и ќе ве направат посреќни

Внесувајте помали количини сол и масло, а секогаш кога сте во можност, одете во сауна или парна бања.

6-tajni-na-japoncite-shto-kje-vi-go-prodolzhat-zhivotot-i-kje-ve-napravat-posrekjni-01.jpg

Јапонците го имаат можеби најдолгиот просечен животен век во светот, а во голема мера ова се должи нивните навики.

Тие се хранат здраво и обрнуваат внимание на физичката активност, а проблемите како рак и болести на срцето се навистина ретки кај нив.

Па, кои се тајните на Јапонците за долг и среќен живот?

Помалите порции се многу подобри

Јапонците ја служат храната во помали порции, и тоа со многу добра причина.

Тие веруваат дека помалите порции нè тераат да јадеме побавно, а со ова може да се избегне прејадувањето. Покрај тоа, и експертите препорачуваат дека е многу подобро да изедете повеќе мали оброци во текот на денот, околу 1-2 големи.

6-tajni-na-japoncite-shto-kje-vi-go-prodolzhat-zhivotot-i-kje-ve-napravat-posrekjni-02.jpg

Престанете со јадење пред да се чувствувате потполно сити

Потребни се околу 20 минути за нашето тело да испрати сигнали до мозокот дека сме сити.

Поради ова, препорачливо е да престанете со јадење пред да се чувствувате потполно сити, или изедете само околу 80% од храната во порцијата.

6-tajni-na-japoncite-shto-kje-vi-go-prodolzhat-zhivotot-i-kje-ve-napravat-posrekjni-03.jpg

Консумирајте само една лажичка масло и 1 грам сол дневно

На нашето тело му треба околу 1 грам сол дневно за да функционира правилно, но факт е дека ние јадеме многу повеќе.

Според експертите, не е препорачливо да внесуваме повеќе од 6 грама сол дневно – околу 1 лажичка.

Но доколку можете, намалете го овој број на 1-2 грама дневно, бидејќи на организмот не му ни треба повеќе.

Кога станува збор за масло, не треба да внесуваме повеќе од 5 лажички дневно. Уште подобро ако ја намалите количината на само една лажичка дневно.

6-tajni-na-japoncite-shto-kje-vi-go-prodolzhat-zhivotot-i-kje-ve-napravat-posrekjni-04.jpg

Пешачењето е најдобрата физичка активност

Јапонците го обожаваат пешачењето и ова е можеби најчестата физичка активност кај нив.

Ако не можете да најдете време за физичка активност, пробајте само да се движите повеќе – одете пеш до работа, симнете се станица-две порано, одете пеш до продавница…

6-tajni-na-japoncite-shto-kje-vi-go-prodolzhat-zhivotot-i-kje-ve-napravat-posrekjni-05.jpg

Почесто јадете тофу

Тофуто не е само за вегани и вегетаријанци, туку е одлична храна што треба да ја внесуваат сите.

Тофуто е една од омилените намирници на Јапонците бидејќи лесно се вметнува во секакви јадења, може да биде поздрава алтернатива за месо, богато е со протеини, но и други важни состојки како хранливи влакна калиум, магнезиум и железо.

6-tajni-na-japoncite-shto-kje-vi-go-prodolzhat-zhivotot-i-kje-ve-napravat-posrekjni-06.jpg

Често посетувајте сауна или парна бања

Сауните и парните бањи не само што релаксираат и имаат позитивно влијание врз расположението, туку нудат и многу придобивки за здравјето.

На пример, парната бања е одлична за дишните органи и може да ја подобри состојбата на вашата кожа.

Сауната, пак, исто така ја подобрува состојбата на кожата, но и ги релаксира мускулите, ги отстранува токсините од телото и го подобрува здравјето на срцето.

6-tajni-na-japoncite-shto-kje-vi-go-prodolzhat-zhivotot-i-kje-ve-napravat-posrekjni-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
„8 месеци пиев јаболков оцет наутро – Како тоа ми помогна со синдромот за полицистични јајчници?“ „Се чувствував како да имам многу повеќе енергија, немав проблеми со подуеност, ...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg