28 намирници кои докажано ги согоруваат „мишелинките“ на стомакот
„Мишелинките“ на стомакот не претставуваат само естетски проблем, туку честопати, доколку не внимаваме, можат да прераснат во поголем здравствен проблем. Затоа, неопходно е во исхраната да се вклучи повеќе здрава храна која помага во согорувањето на мастите во делот на стомакот.
Абдоминалните маснотии се акумулираат околу органите и стомакот и создаваат воспалителен процес во телото, што влијае на хормоните на глад и на чувствителноста на инсулин. Салото на стомакот, познато и како висцерално масно ткиво, исто така предизвикува хронични болести, како што се дијабетес и срцеви заболувања.
Вишокот маснотии насобрани на и околу стомакот можат да бидат особено штетни за нашето здравје доколку ги имаме премногу.
Ако се водите по реченицата „ние сме она што го јадеме“, тогаш најдобро е да ги вклучите следните намирници кои имаат моќ да ги согорат мастите на стомакот:
- овес
- јачмен
- јаболка
- малини
- кардамом
- авокадо
- ореви
- брокула
- белки од јајца
- аспарагус
- грчки јогурт
- киноа
- пуканки без масло и сол
- карфиол
- банани
- лосос
- ракчиња
- моркови
- ѓумбир
- лиснат зелен зеленчук
- тофу
- цимет
- куркума
- соја
- јаболков оцет
- зелен чај
- колку што е можно повеќе вода
Секако дека внесувањето на овие намирници не е доволно, па затоа задолжително комбинирајте ги со неколку активности кои ќе го забрзаат процесот на согорување на мастите.
Вежбањето и длабокото дишење го намалуваат стресот, кој често, поради хормоните, го поттикнува складирањето на повеќе маснотии во централниот дел од телото.
Секојдневните прошетки, доколку не сте љубители на напорните тренинзи, помагаат во намалувањето на нивото на кортизол и регулирањето на нивото на инсулин, а обете предизвикуваат намалено складирањето на маснотиите во стомакот.
(О)Милена | Црнобело