Многу тесна облека и уште 4 работи што ги влошуваат киселините во стомакот

Ако си легнете веднаш по обилен оброк, речиси сигурно ќе имате киселини и нема да спиете добро.

mnogu-tesna-obleka-i-ushte-4-raboti-shto-gi-vloshuvaat-kiselinite-vo-stomakot-01.jpg

Киселините во стомакот се проблем со којшто се соочиле сите, но ако кај вас се јавуваат речиси секојдневно, сигурно ве интересира што можете да преземете.

Нормално, за да ги намалите киселините треба да обрнете внимание на начинот на исхрана, а ако ви предизвикуваат многу непријатности, консултирајте се и со лекар.

Сепак, постојат и некои други ситници на кои веројатно не обрнувате внимание, но можат значително да ги влошат вашите симптоми.

Кои работи ги влошуваат киселините во стомакот?

Тесна облека

Ако имате проблеми со киселини, настојувајте да ја избегнувате премногу тесната облека.

Тесните фармерки, на пример, создаваат притисок врз стомакот и со ова ги влошуваат киселините во желудникот.

mnogu-tesna-obleka-i-ushte-4-raboti-shto-gi-vloshuvaat-kiselinite-vo-stomakot-02.jpg

Спиење без перница

Спиењето со повисока перница може да ги ублажи киселините во стомакот. Од друга страна, спиењето без перница може да ги влоши симптомите.

Според истражувањата, спиењето со перница го спречува „бегањето“ на киселините од желудникот во хранопроводот, па ќе се чувствувате подобро.

mnogu-tesna-obleka-i-ushte-4-raboti-shto-gi-vloshuvaat-kiselinite-vo-stomakot-03.jpg

Легнување веднаш по оброк

Сосема нормално е да ви се прејаде среде ноќ, па да се најадете пред да си легнете. Но, ако имате киселини, најдобро избегнувајте го ова.

Кога ќе легнете со полн стомак, симптомите речиси сигурно ќе се влошат бидејќи храната треба да се дигестира.

Најдобро е по вечерата да седете исправено и да почекате барем два часа пред да си легнете.

mnogu-tesna-obleka-i-ushte-4-raboti-shto-gi-vloshuvaat-kiselinite-vo-stomakot-04.jpg

Прекумерно пиење кафе

Иако кафето може да ве расони и од него има многу здравствени придобивки, најдобро намалете со овој пијалак ако имате проблеми со киселини.

Кафето може да ги влоши симптомите, па ако забележите дека по секоја шолја ви се појавуваат киселини, ограничете се на една шолја дневно.

mnogu-tesna-obleka-i-ushte-4-raboti-shto-gi-vloshuvaat-kiselinite-vo-stomakot-05.jpg

Претерувате со вежбање

Многу интензивните тренинзи можат да предизвикаат подуеност и киселини. Ова, се разбира, не значи дека треба да се откажете од вежбањето.

Туку, ако забележите дека имате киселини додека вежбате или веднаш после тренинг, почнете да пробувате поедноставни вежби додека да најдете што е најдобро за вас.

Исто така, избегнувајте да јадете 2 часа пред вежбање ако не сакате да ги влошите симптомите.

mnogu-tesna-obleka-i-ushte-4-raboti-shto-gi-vloshuvaat-kiselinite-vo-stomakot-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg