7 секојдневни навики што ни штетат на менталното здравје (а не сме свесни за тоа)
Сите имаме некои навики што секојдневно ги повторуваме, а воопшто не сме ниту свесни дека штетат на нашето ментално здравје.
Затоа ако забележувате промени во вашето расположение можеби е добро да застанете и да размислите дали можеби би било потребно да направите некои измени во вашето секојдневие.
Според британскиот животен тренер Ванеса Гебхарт, која е самостоен спортист и основач на freeletics постојат седум причини што во голема мера ни го расипуваат расположението и штетат на менталното здравје.
Можеби на прв поглед ви се чини дека станува збор за вообичаени и нормални навики, но, тие не само што му штетат на нашето телесно здравје, туку во голема мера придонесуваат и за нашата ментална состојба.
Во продолжение да погледнеме кои се седумте секојдневни навики што штетат на нашето ментално здравје:
Постојано го проверувате телефонот
Понекогаш не сме ниту свесни, но навиката постојано да ги носиме со нас и да ги проверуваме телефоните може навистина да ни штети.
Тоа што постојано го проверуваме телефонот, на некој начин би можело да значи дека и постојано бараме „признание“, односно дека очекуваме известувања и нотификации што ќе направат да се чувствуваме добро и поврзано со другите луѓе.
Освен тоа што поради постојаното проверување на телефонот и на социјалните мрежи може да ви го одземе вниманието, од друга страна постојаното гледање на туѓите „совршени“ фотографии може да ви ја наруши и самодовербата и да почнете да креирате негативно мислење за себеси.
За да го надминете овој проблем добро би било да си наметнете самите ограничување за тоа колку време ќе поминувате на телефонот и секако да направите селекција кого ќе следите нa социјалните мрежи и да се фокусирате на позитивните објави, наместо на негативните.
Престојување во затворен простор по цел ден
Ако нешто научивме за време на карантинот од пред неколку години, тоа е дека постојаното седење во затворен простор навистина може да биде тешко.
Но, ако нема никакви ограничувања на движењето, тогаш реално нема потреба целиот ден да го поминувате затворени.
Недостатокот на витамин D и сончева светлина само дополнително може да го зголемат ризикот од депресија.
Понекогаш е доволна само кратка прошетка за да се чувствувате подобро.
Природната светлина, промената на околината и тоа што ќе се раздвижите може да направат „чуда“ за вашето ментално здравје, да ви го подобрат расположението и да ви ја подобрат концентрацијата.
Недостаток на сон
Веќе добро е познато дека недостатокот на сон има мошне големо влијание и често кога сте ненаспани може да бидете и нервозни. Поради недостатокот на сон не само што ви го влошува расположението, туку поради тоа имате проблеми и со концентрацијата, нервозни сте и често се чувствувате како да имате огромен товар врз себеси, што влијае врз вашето ментално здравје.
Доколку имате проблеми со сонот, тогаш добро би било да најдете техники што ќе ви помогнат да се опуштите и да се ослободите пред да си легнете, со цел да воспоставите здрави рутини за сон, што ќе бидат соодветни за вас и за вашиот организам, а ќе се чувствувате поенергично и поисполнето.
Лоша исхрана
Тоа што постојано барате во кујната да не останало случајно чоколадо или нешто благо, не само што е лошо за телесното здравје и за линијата, туку има влијание и врз вашето расположение.
Храната што има многу шеќери (торти, леб, бисквити), но и црвеното месо може значително да го зголемат ризикот од депресија и исхраната со овој вид храна постојано може да биде една од причините зошто забележувате проблеми и со менталното здравје.
За да го подобрите расположението добро би било во вашата исхрана да внесете повеќе овошје и зеленчук, како и житарки.
Недостаток на физичка активност
Вежбањето не само што ќе ви помогне за одржување на телото во топ-форма, туку тоа е и одличен начин за да ги наполните „батериите“ и да се чувствувате помотивирани.
Редовното вежбање го зајакнува чувството на среќа и задоволство и ги намалува чувствата на депресија.
Ендорфините што се ослободуваат за време на вежбањето може веднаш да ви го подобрат расположението и да се чувствувате поубаво.
За најдобар ефект, обидете се да вежбате по 30 минути 3 до 5 пати во неделата. Секако вие најдобро можете да одредите кои вежби најмногу ви одговараат.
Неправилно седење
Понекогаш за да се чувствувате подобро доволно е само да внимавате на начинот на којшто седите.
Правилното седење може да ви помогне да ја зголемите сопствената самодоверба и расположение, исто така помага да создадете позитивен став за себеси, но да го намалува заморот.
Постојано одложување
На сите ни се случило понекогаш едноставно да не сакаме да станеме и да завршиме што било.
Кај некои од нас се случува постојано да ги одложуваме задачите што се стресни и важни, па наместо тоа да ги извршуваме задачите што не ни се толку важни, но уживаме во нив.
Сепак, често може да се случи поради ваквите навики да чувствуваме дополнителен стрес, затоа што не сме ги завршиле задачите што требало да ги завршиме.
Сето ова создава дополнителна загриженост што може негативно да влијае врз менталното здравје.
Б. С. Б. | Црнобело
фото: freepik.com