Најгугланите прашања за корона вирус: Се пренесува ли преку храна? Може ли да заболам двапати?
Како што корона вирусот се ширеше низ светот, така и љубопитноста и желбата на луѓето да се заштитат од него се зголемуваше.
Па, што гуглаа оние кои решија да се информираат онлајн за овој вирус?
1. Какви се симптомите и кои се разликите помеѓу корона вирусот и обичен грип?
Главните симптоми на корона вирусот се: покачена температура, тешка кашлица, отежнато дишење, а има и случаи со болки во телото, губење на мирис и вкус и губење здив.
Што се однесува до грипот, симптомите се следни: болки во мускулите и зглобовите, треска, висока телесна температура, сува кашлица, растелен нос, болка во очите и главоболка.
2. Што би требало да имам на залиха во време на ваква криза?
Оваа листа може да ви помогне.
3. Дали маските штитат?
Овој и повеќе одговори ќе пронајдете ТУКА.
4. Дали има вакцина против вирусот?
Досега уште нема вакцина ниту конкретни антивирусни лекови за лечење на КОВИД-19. Сепак, има одредени лекови кои помагаат за намалување на симптомите, зависно од пациентот. Во процес на истражување се вакцини и други лекови.
5. Кој се разболува најчесто и зошто?
Иако вирусот не штеди никого според возрасна група, сепак најмногу ги напаѓа повозрасните луѓе, како и оние со слаб имунитет или други заболувања, кај кои може да доведе и до посериозни компликации.
6. Можам ли да добијам корона вирус од миленичето?
Иако има ретки случаи на животни заразени со вирусот, засега не се потврдени случаи дека постои можност луѓето да се заразат од миленици.
7. Дали можам да се заразам преку амбалажата на храната?
Совети за дезинфекција, како и одговорот на ова прашање - ТУКА.
8. Дали еден човек може двапати да заболи од истиот вирус?
Во неколку случаи, оздравените пациенти по одреден период биле повторно позитивни на вирусот, но засега тоа се ретки случаи и нема доволно информации кои укажуваат дека истото може да се случи кај сите пациенти кои биле излечени.
9. Се пренесува ли преку храна?
Засега не постојат информации дека корона вирусот се пренел на човек преку храна.
10. Дали миењето на рацете помага и дали е безбедно да се ракуваш со друг човек?
Со правилно миење на рацете (темелно миење со сапун и вода минимум 30 секунди) драматично ја намалуваме шансата за зараза за пренесување на КОВИД-19. Избегнувајте физички контакт со луѓе, а по секој контакт, или кивање и кашлање и допирање површини, задолжително мијте ги рацете и правете дезинфекција.
11. Дали прскањето на рацете со чист алкохол помага?
Доколку немате пристап до сапун и вода, можете да користите алкохолни средства за дезинфекција на раце, но во првата прилика измијте ги рацете темелно и не се потпирајте само на средствата.
12. Дали консумирањето на лук помага?
Лукот е храна која многу го зајакнува имунитетот и е здраво да се јаде, но не постои информација дека лукот помага во лечење на корона вирусот.
13. Колку долго вирусот може да преживее на површините?
Одговорот може да го најдете ТУКА.
Прочитајте и Како да се заштитите, кои се статистиките и мерките во Македонија - Сѐ што треба да знаете за корона вирусот
М. Д. | Црнобело