Водич за заштита при излегување и влегување дома: Соберете ја косата, не носете накит

Останувањето дома е најдобрата превенција, но неопходно е и да испазарите или да отидете до аптека еднаш во неделата или на две недели. Па, како тоа излегување да не ви го зголеми ризикот од заболување?

vodic-za-zastita-pri-izleguvanje-i-vleguvanje-doma-soberete-ja-kosata-ne-nosete-nakit-01.jpg

Важно е да се држите до неколку клучни правила при напуштање на домот и враќање во него.

Постапки при излегување од дома:

- Кога излегувате од дома, облечете јакна или било што со долги ракави.

- Соберете ја косата во пунџа.

- Не носете накит.

- Ако сте решиле да ставите маска, ставете ја непосредно пред излегување.

- Избегнувајте користење на јавен превоз, доколку е можно.

- Ако излегувате со миленикот, не му дозволувајте да се допира до непотребни површини надвор од домот.

- Понесете марамчиња за дезинфекција и користете ги по секој допир со површина

- Марамчињата фрлајте ги во отворени корпи за отпадоци.

- Ако кашлате или кивате, направете го тоа во лактот, а не во воздухот или во рака.

- Ако плаќате со пари, дезинфицирајте ги рацете веднаш потоа.

- Не го допирајте лицето пред темелно да ги измиете рацете.

- Одржувајте оддалеченост од други луѓе минимум 2 метра.

vodic-za-zastita-pri-izleguvanje-i-vleguvanje-doma-soberete-ja-kosata-ne-nosete-nakit-02.jpg

Постапки при влегување дома:

- Кога ќе се вратите дома, не допирајте апсолутно ништо.

- Соблечете ги чевлите на влезот и не шетајте дома со нив.

- Дезинфицирајте ги шепите на миленикот уште додека сте надвор од дома.

- Соблечете ги горните слоеви на облека и ставете ги во кеса или на тераса.

- Паричникот, клучевите и чантата оставете ги во кутија на самиот влез во домот.

- Добро измијте ги рацете, лицето, а доколку имате можност и истуширајте се со врела вода.

- Дезинфицирајте го мобилниот и очилата, доколку ги носите, клучеви, паричник и слично.

- Исчистете ги работите кои сте ги донеле од надвор (храна во амбалажа или лекови.)

- Внимателно отстранете ги ракавиците доколку ги носите и повторно измијте ги рацете.

- Имајте на ум дека комплетната дезинфекција е невозможна, но направете сѐ што е во ваша моќ да го намалите ризикот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg