Фото докази: Зошто е важно темелно да се мијат рацете?

Неодамна на интернет се појавија неколку фотографии направени под ултравиолетова светлина, кои дефинитивно ќе ве убедат подобро да ги миете рацете, посебно во овој период.

fotografii-shto-pokazhuvaat-zoshto-temelnoto-mienje-race-e-mnogu-vazhno-01.jpg

За експериментот, една жена на нејзините раце нанела од гелот познат како Glo Germ. Овој гел прикажува како микробите „се закачуваат“ на нашата кожа.

Гелот е проѕирен, но се гледа под ултравиолетова светлина, а притоа има честички кои се со слична големина како разните микроби и новиот корона вирус.

Колку се побели дланките под ултравиолетова светлина, толку се повалкани. И обратно – колку се потемни дланките на фотографијата, толку се почисти.

На оваа фотографија се гледа дланката веднаш по нанесувањето на гелот.

fotografii-shto-pokazhuvaat-zoshto-temelnoto-mienje-race-e-mnogu-vazhno-02.jpg

Овде, пак, жената само ги исплакнала дланките со вода. Анкетите и истражувањата покажуваат дека четвртина од луѓето само ги плакнат дланките со вода, а според оваа фотографија, тоа очигледно не е доволно.

Миењето на рацете само со вода, и тоа 2–3 секунди, нема никаков ефект и повеќето микроби остануваат на дланките.

fotografii-shto-pokazhuvaat-zoshto-temelnoto-mienje-race-e-mnogu-vazhno-03.jpg

Овде жената ги миела рацете шест секунди, повторно само со вода. Експертите тврдат дека во просек, луѓето вака ги мијат нивните раце.

И овојпат се гледа дека шест секунди само со вода не се доволно за да ги отстраните микробите. Можете и сами да забележите дека ноктите и областа кај прстенот речиси и да не се допрени.

fotografii-shto-pokazhuvaat-zoshto-temelnoto-mienje-race-e-mnogu-vazhno-04.jpg

Овојпат жената повторно ги миела рацете шест секунди, но сега со сапун. Дланката изгледа почисто, но сè уште се гледаат остатоци од гелот кај ноктите и прстенот.

fotografii-shto-pokazhuvaat-zoshto-temelnoto-mienje-race-e-mnogu-vazhno-05.jpg

На оваа фотографија, жената ги миела рацете 20 секунди со сапун. Најчесто се препорачува да ги миете рацете на овој начин, но сè уште се забележуваат остатоци од гелот.

fotografii-shto-pokazhuvaat-zoshto-temelnoto-mienje-race-e-mnogu-vazhno-06.jpg

Овде жената ги миела рацете 30 секунди со сапун. Според Центарот за контрола и превенција на болести, најдобро е да ги миеме рацете на овој начин.

Дланката изгледа видно почиста од претходните фотографии и иако се забележуваат мали остатоци од гелот, сепак се отстранети поголемиот дел од нечистотиите и микробите.

Експертите тврдат дека можете да ги миете дланките и подолго, но и со 30 секунди темелно миење би требало да бидете заштитени.

fotografii-shto-pokazhuvaat-zoshto-temelnoto-mienje-race-e-mnogu-vazhno-07.jpg

Кога треба да ги миете рацете?

Со честото миење на рацете ќе се заштитите и себеси, и вашето семејство.

Мијте ги рацете што почесто, а никако не го прескокнувајте миењето во следниве ситуации:

- Пред, за време на и после подготовка на храна

- Пред јадење

- Пред и откако сте се грижеле или сте биле во контакт со личност која покажува и најмали симптоми на некоја болест

- Пред и откако ќе се справите со некоја повреда или исекотина

- После одење во тоалет

- После менување пелени или чистење на детето кое било во тоалет

- Откако ќе си го „издувате“ носот, ќе се искашлате или ќе кивнете

- Откако ќе допрете или нахраните животно и откако ќе го исчистите изметот на миленикот

- Откако ќе му ставите храна на миленикот

- Откако сте допирале ѓубре

- По враќање од надворешна средина (продавница, јавен превоз, влез и кое било друго место)

Не заборавајте дека покрај седењето дома, редовното миење раце е најдоброто нешто што можете да го направите за да се заштитите овој период.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg